Силните девојки длабоко во себе се чувствуваат многу скршено

Силните девојки длабоко во себе се чувствуваат многу скршено

Тие може да поминат низ што било. Скршено срце. Крај на љубовната врска. Борби со семејството. Што и да ги боли, тие ставаат насмевка на своето лице и продолжуваат како ништо да не се случило, како сѐ да е совршено и како нивното срце да не може да се уништи. Тие изгледаат силно, но внатре не се чувствуваат така. Тие чувствуваат како да живеат лажен живот. Покрај сѐ, сите мислат дека се силни, затоа што ја гледаат само едната нивна страна. Ги гледаат во текот на денот, кога имаат доволно енергија за да се преправаат и да глумат. Но, другите не ги гледаат во текот на ноќта, кога се сами во својот кревет и кога се уморни да ги надминат своите проблеми. Тие не им дозволуваат на другите да видат колку се ранливи.

Силните девојки длабоко во себе се чувствуваат многу скршено

Кога им се плаче, тие се воздржуваат да не пуштат ниту една солза, сѐ додека не добијат можност да избегаат во бањата и да ги ослободат своите емоции. Кога се вознемирени, тие наоѓаат изговор за да ги откажат плановите, па никој да не сфати во каква ситуација се наоѓаат. Кога се повредени и се чувствуваат ментално исцрпени, силните девојки не трчаат кај нивните пријатели ниту пак објавуваат на Фејсбук. Тие едноставно страдаат во тишина. Силните девојки не ја гледаат поентата во споделување на нивната состојба. Нивните пријатели ги сметаат за забавни личности кои секогаш се спремни да им ги решат нивните проблеми и да им дадат совети. Па така, тие нудат утеха и ги сожалуваат оние околу нив, додека длабоко во себе сакаат да викаат и да им кажат дека имаат милиони пати полоши грижи. Но, ваквите девојки не експлодираат. Тие покажуваат разбирање и се обидуваат да бидат добри пријатели. Но, веднаш штом ќе останат сами, нивните проблеми им се рушат над главата.

Ваквите девојки мразат да остануваат заглавени во сопствениот ум, бидејќи тоа е опасно место. Таму се чувствуваат како да се зад животот. Како да се неуспешни, грди, глупави и дека засекогаш ќе останат сами. Дека ќе умрат без да им се исполни некој сон. Дури и да изгледаат силни, нивните стравови не ги оставаат сами. Тие секоја вечер ги следат до нивниот дом, во нивната соба, во нивните соништа. Па тогаш прават да се чувствуваат мали, како да немаат вредност и се бескорисни. Тие ги мразат што остатокот од светот ги гледа како едно нешто, како прекрасни независни жени, додека тие самите себеси се гледаат како нешто друго. Како лажни личности.

Ваквите девојки не сфаќаат дека се силни како железо, затоа што умеат да продолжат понатаму, без разлика на сѐ. Тие се силни затоа што сѐ уште ја одржуваат нивната надеж, затоа што се способни да се смеат и покрај сета болка. Ваквите девојки се силни затоа што сѐ уште се живи, дури иако се сведоци на суровоста која постои во овој свет!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар