Силната жена се бори за нејзиниот маж, но не се натпреварува за него
Постои голема разлика помеѓу тоа да се борите и да се натпреварувате за некого. Кога сте вљубени, вие се борите еден за друг, што значи дека и двајцата вложувате труд. Вие и вашиот партнер преземате нешто за да ја одржите врската во живот. Постои рамнотежа во количината на љубовта што се дава и добива.
Борбата еден за друг е прекрасна и потребна во врската. На силните жени не им претставува проблем да се борат, и ако навистина сакаат ќе го направат тоа.
Но, силните жени никогаш нема да се натпреваруваат за партнерот. Натпреварувањето во врската значи дека нешто го одзема вниманието на вашиот партнер кое треба да ви го посвети вам. Без разлика дали станува збор за друга жена, пријатели или работа, нешто ве става во позиција да морате да се борите за да направите саканиот да ве забележи. Тоа е нешто што силната жена никогаш нема да го направи.
Таа никогаш нема да побара од партнерот да бира помеѓу неа и излегување со пријателите, ниту пак ќе побара да престане да одговара на пораките што му ги праќа поранешната девојка. Ако тој дозволи да застане нешто помеѓу нив двајца, таа нема да чувствува потреба да го премисли.
Тоа не значи дека таа не го сака, баш напротив. Но, силната жена многу добро знае каква врска сака да има и нема намера да принудува некого да се однесува на одреден начин.
Доколку се најдете во врска каде што се чувствувате како да треба да си ставите огромна неонка на глава за да го потсетите вашиот партнер дека постоите, разбудете ја женската сила во вас и престанете да се борите.
Престанете да изнудувате љубов и да молите за внимание. Единствениот начин да го добиете потребното внимание е да се однесувате како да не ви е воопшто потребно.