Девојки НЕ ги игнорирајте овие симптоми и посетете гинеколог веднаш!

Девојки НЕ ги игнорирајте овие симптоми и посетете гинеколог веднаш!

Секоја жена знае дека е неопходно да се посети гинеколог 2 пати годишно. Но, постојат голем број ситуации во кои посетата на доктор е непланирана и итна. Болеста не се појавува одеднаш, телото со месеци испраќа сигнали кои не треба да се игнорираат. Жените треба да бидат свесни за промените кои се појавуваат на телото и при првите знаци на болест треба да се посети гинеколог за да се избегнат опасностите по здравјето, како и по животот.

Сигнали кои не треба да се игнорираат: Посетете гинеколог!

Ненадејна остра болка во долниот дел на стомакот

Без разлика за каква болка станува збор (дали е убод, тапа болка или како некој да ве пресекол преку стомакот), може да претставува сериозна болест. Доколку болката е придружувана со гадење, повраќање, хипотермија, губење свест или болка во ректумот, може да станува збор за внатрешно крвавење настанато од пукање на циста на јајникот. Оваа болка може да значи и апоплексија на јајниците, како и развој на тумор. При појава на вакви симптоми, посетата на гинеколог е задолжителна.

Хронична болка во долниот дел од стомакот

Кај многу жени оваа појава привремено се појавува и поминува. Ваквата болка не предизвикува голема загриженост, но може и да претставува ендометриоза, хронично воспаление на матката, проширување на карличните вени и слично. Лекарите овој симптом го нарекуваат хронична болка во карлицата и не е причина да повикате брза помош, но секако треба да го посетите гинекологот во првата прилика.

Неопходно е да се елиминира болката. Гинекологот ќе ги направи сите потребни тестови за да ја открие состојбата на вашето здравје. Доколку гинеколошкиот преглед е уреден, треба да посетите уролог, невролог и хирург, бидејќи болката во карлицата може да биде симптом и на други болести.

Крвавење помеѓу циклуси

Ова е причина за итна посета кај гинеколог! Дури и крвавењето уште да трае, не чекајте да престане! Доколку пак, е обилно и не престанува, ова е причина да повикате итна помош. Ваквото крвавење може да биде сигнал за низа болести, вклучувајќи ги и хормонските.

Доколку имате крвавење помеѓу циклусите, тоа може да укажува на:

Цервикална патологија – Воспаление, појава на атипични клетки. Повеќето патолошки промени на грлото на матката се преканцерогени заболувања. Затоа, лекувањето на овие болести треба да биде извршено навреме, за да не дојде до поголеми компликации, а самото лекување е едноставно и брзо доведува до заздравување.

Болест на јајниците – Болест каде што при воспаление на јајниците доаѓа до крвавење. Цистите и лезиите можат исто така да предизвикаат крвавење.

Сексуално пренослива болест – Повременото оскудно крвавење може да биде симптом за кламидија или гонореја. Другите симптоми на овие бактериски сексуално преносливи болести се болка во долниот дел на абдоменот и густ жолтеникав секрет, но многу жени воопшто не чувствуваат никакви знаци. Ако имате секс без заштита, одете на гинеколог, зошто овие болести делуваат на плодноста.

Бременост – Дури 25% од трудниците на почетокот на првото тримесечје од бременоста имаат мало крвавење. Најпрво проверете со тест дали сте бремени, а потоа направете ги сите неопходни прегледи на гинеколог.

Крвавење за време на бременост

Крвавењето за време на бременоста е причина веднаш да го посетите вашиот гинеколог. Многу од трудниците стравуваат од оваа појава, па при ваквото крвавење додатно си нанесуваат стрес. Во ваква ситуација треба да размислувате трезвено за да можете да процените дали треба да повикате брза помош или самостојно да идете на лекар.

Крвавењето во периодот од 5-тата до 12-тата недела за време на бременост, често е знак на спонтан абортус. Доколку навреме побарате помош постојат големи шанси да ја зачувате бременоста.

Крвавењето во периодот од 39-тата до 40-тата недела за време на бременоста може да претставува почеток на породување.

Во секој случај, лекарот треба да ја утврди причината, како и самото лечење.

Обилна и долготрајна менструација

Менструацијата која трае подолго од 8 дена, препратена со обилно крвавење може да укажува на:

  • Полипи и хиперплазија
  • Бениген тумор на матката
  • Аденомиоза (каде ендометриското ткиво враснува во мускулните ѕидови на матката)

Тековната медицинска состојба ни овозможува безболни интервенции кои ќе го поправат и одржуваат здравјето на органите. Жената нема да ја загуби плодноста, но само ако навреме се јави кај лекарот и започне со третман.

Аномалии за време на менопауза

За време на менопаузата, репродуктивната функција на јајниците и матката згаснува, при што хормоналното ниво значително се менува. Во овој период женското тело е чувствително на надворешните и внатрешните појави.

Сигнал за итна медицинска помош од гинеколог е крвавењето по почетокот на менопаузата. Причини за вакво крвавење се полипи, ендометријална атрофија, ендометријална хиперплазија…

Зголемување на стомакот

Доколку жената не е бремена, а стомакот нагло расне, тоа е причина да се посети гинеколог.

За жал, онколошките болести можат да бидат без никакви симптоми, а во меѓувреме, канцерогениот тумор може да расте со ненормална брзина, буквално секој ден. Стомакот може да добие неправилна форма. Како причина за оваа појава може да биде бенигниот тумор во матката кој е со огромни пропорции.

Жените не мора да одат на фризер, маникир или масажа, но МОРА да го посетува гинекологот најмалку еднаш годишно. Никој не може да го направи тоа наместо вас.

Грижете се за своето здравје и редовно посетувајте гинеколог!

Прочитајте и кои 5 прашања треба да му ги поставите на вашиот гинеколог.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар