Што значи да се биде човек без влакна на јазикот?
Најголемиот проблем на директните луѓе е тоа што другите мислат дека тие не размислуваат пред да проговорат. Веруваат дека не ги мислат сериозно нивните зборови, само поради тоа што не им е тешко да ги кажат гласно. Но, луѓето без влакна на јазикот се токму тие кои разбираат како е да не се чувствува ништо. Тие знаат дека рамнодушноста е полоша од болката. Ним не им пречат ни позитивните ни негативните емоции, сѐ додека можат да ги почувствуваат. Тие понекогаш се чувствуваат заглавени во емотивната празнина и се прашуваат кога таа бесчувствителност ќе заврши.
Кога луѓето без влакна на јазикот ќе добијат наплив на емоции, доаѓа до еден неоспорлив контраст. Одеднаш нивните чувства не се поврзани со апатијата, рамнодушноста и летаргијата. Одеднаш тие имаат што да кажат.
Директните луѓе се доволно паметни за да знаат колку се ретки и посебни моментите кога имаат што да кажат и чувствуваат нешто што вреди да се преточи во зборови. Првиот инстинкт можеби ќе им каже дека треба да ги задржат силните зборови за себе, но тие знаат дека мора да се ослободат од нив.
Во суштина, директните луѓе се најискрените личности кои некогаш ќе ги запознаете. Тоа што понекогаш не се однесуваат тактички, го надоместуваат со нивната искреност и лојалност. Луѓето без влакна на јазикот ќе ви кажат кога ќе се вљубат и кога ќе престанат да сакаат. Директните поединци одбиваат да живеат во облаци и ја ценат реалноста. Никогаш не би прифатиле да живеат во лага или полу вистина.
Тие се обиделе да ги потиснат своите емоции во минатото, се обиделе да внимаваат да не повредат нечии чувства, но после сите нивни обиди, сфатиле дека тоа нема никаква смисла. Директните луѓе никогаш не би ги одглумувале нивните чувства, ниту пак би се преправале дека не чувствуваат ништо. Најлошиот кошмар за директните поединци е преправањето дека нивните чувства не постојат откако поминале подолг период без нивното присуство.
Кажувајте ја вистината! Кажувајте ја гласно пред оние што сакаат да ја чујат, дури и да сте само вие во прашање. Тоа можеби нема да промени ништо, но барем ќе ви помогне да се чувствувате пријатно во своја кожа. Заборавете на воздржувањата. Бидете целосно транспарентни за да можете да бидете најдобрата верзија од себе. Не морате да живеете со онаа верзија од себе што ви вели дека треба да се воздржувате и да ги потиснувате работите.
Сигурно постојат луѓе околу вас кои знаат веднаш да ја препознаат вистината. Луѓе кои ја ценат искреноста исто толку колку и вие. Луѓе кои знаат колкав личен развој е потребен за да може човек да биде искрен кон себеси и кон другите. Луѓе кои знаат низ што сте поминале за да стигнете таму каде што сте сега и кои се свесни дека патот не ви бил воопшто лесен. Луѓе кои знаат дека некои работи се толку важни што мора да бидат кажани. Без разлика дали се добри или лоши, најважно е тоа што се кажани од срце.
Во продолжение прочитајте и зошто не треба да се плашите да бидете ранливи.