Што значат 10-те најчести фрази на мажите?

Што значат 10-те најчести фрази на мажите?

Женскиот и машкиот ум не работат на иста фреквенција, па затоа и често меѓусебно не се разбираат, како да комуницираат на различен начин. Заради полесно разбирање меѓу мажите и жените ви го откриваме преводот на 10-те најчести машки фрази. Еве што тие всушност значат кога ќе ѝ ги кажат на жена.

shto-znachat-10-te-najchesti-frazi-na-mazhite-kafepauza.mk

1. Тоа е машка работа. – Не постои рационално објаснување за тоа и нема шанси да најдеш никаква логика во тоа.

2. Би ми требало многу време сега тоа да ги објаснувам. – Немам поим како тоа функционира.

3. Додека извршувате домашни обврски: Одмори малку срце, премногу работиш. – Не можам да го слушам натпреварот од правосмукалката. Зар мора баш сега да го правиш тоа?

4. Те слушнав. – Жено, немам врска за што збориш, но се надевам дека тоа нема да го забележиш, бидејќи не сакам во следните 3 дена да те слушам да ми досаѓаш.

5. Интересно душо. – Аман каде ти е копчето за исклучување!? Не ми се верува дека уште мелеш од преѓеска.

6. Знаеш дека слабо памтам. – Се сеќавам на мојата згодна професорка од основно, адресата на првата девојка во која бев заљубен, на првиот секс, на првото пијанство, како и на сите регистарски таблички од колите кои сум ги сменил, но да, сепак заборавив на нашата годишнина.

7. Додека ви носи букет: Љубов, денес мислев на тебе и ти купив рози. – Младата цвеќарка на аголот е толку секси па морав нешто да купам од кај нејзе.

8. Не можам да го најдам. – Не ми е на дофат, затоа не знам каде воопшто би требал да барам. Но затоа ти мила, знаеш каде стои сѐ во куќава.

9. Додека вози: Не грижи се душо, не сме изгубени, знам точно каде сме. – Е сега сме готови! Никој нема никогаш да може да не пронајде живи!

10. Додека разговарате: Аха. Да? Навистина? Да, душо. Секако, љубов. Хммм… – Овие зборови се автоматски и немаат никакво значење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар