Што всушност се случува со женското тело кога мажот ќе го прегрне?
Писателот Давид Тумаринсон пишува преубава поетична проза, а го воодушеви целиот Интернет со својот опис на интимната прегратка помеѓу мажот и жената. Давид на волшебен начин опишал што се случува кога мажот ќе ја прегрне жената. Неговите зборови ја покажуваат целата моќ на прегратката и потсетуваат зошто мажите би требало почесто да ја прегрнуваат својата партнерка – бидејќи и жените и мажите копнеат по љубов.
„Кога мажот тивко ќе ѝ пријде на жената и ќе ја прегрне, тој го затвора кругот. Својот и нејзиниот круг. Тоа е круг на нежност, топлина и заштита. И тој ја става жената точно на средината од тој страстен круг. На тој начин во тој момент мажот ненамерно ѝ дава на жената до знаење дека таа е центар на неговиот универзум. Мажот ја прегрнува жената во тишина. Жената, исто така, стои во тишина. Чувствува топла струја која произлегува од тие топли и мирни раце.
Кога мажот ќе ја прегрне жената, таа се чувствува како да има крилја и дека може да лета. Тој круг на љубов е мирен и удобен. Од таа тивка нежност таа се топи како коцки шеќер во шолја чај. Која е таа сега, додека стои во средиштето на тој тесен круг? Што чувствува? Која е таа во овој момент?
Дали таа е жена или девојка? Се чувствува сакано или таа сака? Става ли лесен покривач од тишина преку нејзините рамена кој ги сокрива нејзините мисли од мажот… Или можеби ништо не е сокриено во тој приватен круг? Впрочем, тој само ја прегрнува, ја заштитува од надворешниот свет кој е толку ладен и осамен. А, во неговите раце е топло и удобно. Овие раце се нејзината заштита и спокојство. Тоа е сè што жената несвесно го бара, што го чека и на кое се надева…“