Што всушност сакаат мажите за Денот на вљубените?
Денот на вљубените само што не пристигнал, но тоа сигурно веќе го знаете ако сте во врска. Можеби не му придавате значење на овој празник, но треба да имате на ум дека 37% од мажите и 13% од жените изјавиле дека нивните партнери би биле многу разочарани кога би го заборавиле 14-ти февруари. Доколку не сакате да ги растажите вашите сакани, запаметете ги следниве неколку факти што ќе ви помогнат да приредите незаборавно романтично изненадување за Денот на вљубените…
Девојките се посебно расположени за критикување на Денот на вљубените
14-ти февруари е малку контроверзен ден, бидејќи во последните години стана многу комерцијализиран. Луѓето обожаваат да го критикуваат однесувањето на заљубените парови на овој ден, но тоа е така затоа што 52% од жените и 16% од мажите признале дека им завидуваат на романтичните изненадувања што си ги приредуваат партнерите еден на друг. Иако станува збор за денот на љубовта, многумина сметаат дека не треба да направите некој огромен романтичен гест, како што е понуда за брак на Денот на вљубените. Според 63% од жените и 69% од мажите ваквите гестови на овој ден се клише.
Мажите и жените имаат различна замисла околу тоа како би требало да изгледа совршениот љубовен состанок за Денот на вљубените
50% од мажите и 60% од жените сметаат дека идеален начин да се прослави Денот на вљубените е со романтично патување. Но, доколку моментално не сте во можност да одвоите пари за ваков луксуз, постојат и поевтини опции. Па, што всушност сакаат мажите? 32% од нив одговориле дека би биле најсреќни доколку го поминат целиот ден во кревет со партнерката, а 57% најмногу би уживале во посебна масажа со среќен крај. Момците се многу скромни и едноставни, се согласувате?
И мажите и жените се согласуваат дека поентата на Денот на вљубените не е да се подарат чоколади и цвеќиња
Кога ќе се спомене Денот на вљубените, веднаш помислуваме на Милка чоколадо во форма на срце, кадифени мечиња, црвена роза и романтична вечера. Но, љубовта не треба да доаѓа во облик на материјален подарок купен од продавница. 45% од мажите сметаат дека цвеќињата се одличен начин за да ѝ изјават љубов на партнерката, но само 4% од жените се согласуваат. Всушност, една третина од жените претпочитаат накит, а 40% од нив би сакале да поминат ден во спа-центар.
Што се однесува до мажите, една петина од нив најмногу би се израдувале на карти за некој спортски натпревар, а неверојатни 70% не сакаат ништо друго освен секс. Според ова, слободно можеме да кажеме дека мажите не се заинтересирани за традиционалните подароци за Денот на вљубените. Не губете време на смислување необични подароци и не трошете пари на скапи парфеми. Еротска масажа и целовечерно водење љубов е она што вашиот партнер навистина го посакува.
Ако сѐ уште немате идеја какво изненадување да приредите, погледнете ги овие искрени, невообичаено хумористични пораки за Денот на вљубените.