Што ви кажува за здравјето бојата на вашиот мрсул?

Што ви кажува за здравјето бојата на вашиот мрсул?

Секој има проблем со зголемено излачување на носна слуз во текот на студените месеци, но кај секого бојата не е иста. Причината е тоа што секој организам реагира различно на овие временски услови. Од нејзината боја може да се прочита колку добро организмот се справува со овие предизвици.

Што ви кажува за здравјето бојата на вашиот мрсул?

Без боја. Сè е во ред, не треба да има боја. Мрсулот е вода со протеини, антитела и разградени соли. Најголемиот дел од него оди во стомакот без да знаете.

Бела боја. Ваква е обично бојата кога носот ви е затнат. Носната шуплина се воспалува и отекува, а слузта станува поцврста и ги затнува каналите.

Жолта. Настинати сте. Белите крвни зрнца веќе се впуштиле во борба против вирусите и инфекциите. Кога ќе ја завршат својата работа тие излегуваат надвор преку слузот.

Зелена. Ваквата боја значи дека слузта е полна со бели крвни зрнца и други остатоци од борбата со вирусите. Ако тоа се случува 12 дена после затнувањето, најдобро е да посетите лекар.

Црвена или розова. Тоа е знак за крв. Ткивото во носот кравари од некоја причина.

Кафеава. Може да биде крв, но многу поверојатно тоа е нешто што сте го вдишале претходно.

Црна. Доколку не сте пушач, ова е знак на сериозно габично заболување. Тоа се случува ретко, обично кај луѓе со нарушен имунитет.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар