Што вели неговата омилена сексуална поза за неговиот карактер?
Секоја жена има одредена поза во сексот која ѝ нуди најсилно задоволство. Истото важи и за мажите, па токму нивните омилени сексуални пози можат да ви откријат многу за нивниот карактер. Погледнете ги следниве 5 најпопуларни пози во сексот кои можат да ви откријат нешто повеќе за вашиот партнер…
Мисионерска поза
Мисионерската поза е класика која е секогаш успешна. Доколку таа е неговата омилена поза, тогаш вие сте со маж кој сака да игра на сигурно и кој не сака големи промени. Но, исто така тој е и многу емотивна личност која ужива во страст, допири и прегратки. Оваа поза овозможува многу близок контакт, лице в лице, па токму затоа е интимни и секогаш проследена со силни чувства.
Кучешка поза
Оваа поза во сексот најчесто мажите ја сакаат повеќе од жените. Па, доколку таа е неговата омилена поза, тогаш знајте дека имате работа со маж кој сака да доминира и да биде водич во секоја смисла – професионално, приватно и интимно. Исто така оваа поза е карактеристична за мажи кои се страстни и енергични и кои знаат што сакаат и како тоа да го добијат.
Поза 69
Оваа поза овозможува подеднакво задоволство и за двајцата партнери, а најмногу ја сакаат оние мажи кои се многу внимателни. Тие се многу чувствителни и прилично слободни. Тие уживаат во женско друштво и сакаат да бидат со жена за која се подготвени да направат сè. Овие мажи исто така сакаат забава, но и мирни страсни вечери со личноста која ја сметаат за блиска и интересна.
Јавачка поза
Во оваа поза жената седи врз мажот и токму затоа може да биде многу интересна за оние мажи кои се многу отворени и директни. Тие се свесни за себе и за своите желби, па токму затоа не се срамат да ги искажат своите чувства. Овие мажи уживаат во страста и женската убавина и често сакаат да експериментираат.
Поза лажичка
Оваа поза овозможува голема блискост помеѓу партнерите и токму затоа голем дел од нив ја преферираат. Но, доколку таа е неговата омилена поза, тогаш сте во врска со маж на кој можете да му верувате и кој е подготвен на свое семејство. Авантурите не се негов фетиш, бидејќи тој подобро се чувствува на позната и сигурна околина. Исто така, оваа поза ја практикуваат и оние кои се помрзливи и кои сè што прават, прават со половина енергија.