Што ве спречува на патот кон целта?

Што ве спречува на патот кон целта?

Многу луѓе се фокусираат на животите на другите наместо на нивните цели. Замислете какво место би бил светот доколку фокусот на луѓето е насочен кон нивните цели.

shto-ve-sprechuva-na-patot-kon-celta-kafepauza.mk

Животот едноставно е различен кога се фокусирате на себе наместо на другите. Всушност, тој станува подобар. Наместо да се грижите за работите што не можете да ги контролирате, вие сте оддалечени само една секунда од целосна промена. Ова е ослободувачко и возбудливо.

Најдобриот дел е кога ќе ја пронајдете вашата страст. Комбинацијата од страст, контрола и фокус може да води само до успех. Ова ќе ве тера напорно да работите, a напорната работа ќе ви биде лесна, па успехот речиси сигурно е загарантиран.

Потребно е да правите избори кои ве исполнуваат и кои секојдневно ве доближуваат до исполнување на вашиот сон. За жал, многу луѓе не го прават ова. За некои причината е страв од неуспех, па воопшто не се ни обидуваат. Други се откажуваат во моментот кога ќе стане потешко. Доколку вие се наоѓате во ваква ситуација, запрашајте се, што ве спречува?

Што ви стои на патот што не ви дозволува да почнете?

Светот во кој живееме нема да ви даде дозвола за да почнете нешто. Затоа, сами дозволете си и почнете.

Што ако имате цела стратегија и сè уште не можете да почнете?

Ова се нарекува саботажа на самите себеси. Тоа значи дека дел од вас прави отпор на промената која толку многу ја посакувате. На вас останува да сфатите кој е тој дел и да го промените. Поставете си ги сите прашања кои ве застрашуваат. Што побрзо ќе се соочите со себе и ќе сфатите што ве спречува, толку побрзо ќе ја постигнете целта.

Понекогаш нешто внатре во вас не ви дозволува да почнете со промената. Постигнувањето на целта бара целосно посветување. Без разлика кои се вашите цели, вашата ситуација, или причината што ве спречува, важно е да знаете дека она што ве мачи е во ваша контрола. Нема да биде ваша вина што сè уште не сте постигнале резултати, но ваша одговорност е да направите сè што можете за да го остварите својот сон.

Погледнете ги и 10-те правила за успех од Опра Винфри.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар