Што вашиот стил на бакнување може да открие за вас?
Бакнувањето не е само убаво и пријатно, тоа исто така игра голема улога во одржувањето на силна романтична врска. Постојат многу видови бакнежи со различни значења. Нежниот бакнеж значи: „Удобно ми е“, додека Спајдермен бакнежот сугерира спонтаност. Ова значи дека начинот на кој се бакнувате со партнерот, всушност може да ја „декодира“ вашата љубовна врска.
Во продолжение погледнете го списокот со 7 различни стилови на бакнување, кои покажуваат што тие може да значат во вашата врска.
1. Нежен бакнеж
Ова е нежен бакнеж во кој двајцата партнери нежно ги допираат усните. Тоа е гест кој покажува колку сте блиски до вашата сакана личност и колку се чувствувате пријатно во оваа врска. Ако сте нежен бакнувач, сигурно уживате во секое задевање и провоцирање на партнерот за да посака поголема физичка интимност.
2. Бакнеж во образот
Бакнувањето на саканиот во образ значи дека вашата врска е на добро место. Тоа покажува љубов и уживање кога сте заедно. Исто така, може да биде знак дека вашата романтична врска сè уште има цврсто пријателство во своите корени.
3. Спајдермен бакнеж
Иконичен момент во филмот „Спајдермен“ беше „Бакнежот на Спајдермен“, сцената каде Питер (Тоби Магваер) висеше наопаку, а Мери (Кирстен Данст) страсно го бакна.
Иако овој вид бакнеж е прилично непрактичен, тој е знак на спонтаност во вашата врска и значи дека сакате да импровизирате и да пронајдете нови начини да го „зачините“ вашиот љубовен живот.
4. Ангелски бакнеж
Ако го бакнувате затворениот очен капак на партнерот, може да се каже дека давате ангелски бакнеж. Ова е интимен чин што симболизира интензивна љубов и му дава на саканиот чувство на мир и безбедност. Ако го претпочитате овој сладок вид бакнување, тоа значи дека длабоко го сакате својот партнер и уживате да правите тој да се чувствува обожувано.
5. Брз бакнеж
Ова е лесен и брз допир на усните. Иако овој бакнеж е едноставен, невин и не е супер романтичен, можете да го искористите за да му кажете „здраво“ или „догледање“ на вашиот партнер. Ако сте на почеток на нова врска, бакнежите од овој тип се одличен начин да ја истражите и тестирате вашата „хемија“. Но, ако секојдневно давате вакви бакнежи тоа би можело да значи дека сакате да ги одржувате нештата во вашата врска забавни и едноставни.
6. Бакнеж со затворена уста
Овој е сличен на брзиот бакнеж, но трае подолго. Ако ова е вашиот стил на бакнување, тоа може да укаже на тоа дека вашата врска има некои тешкотии. Бакнежот со затворена уста е знак дека можеби не се чувствувате многу пријатно со партнерот и затоа ставате емотивна бариера. Ако не сте сигурни во вашите чувства, треба да разговарате со партнерот и да се обидете да ги решите проблемите.
7. Француски бакнеж
Господарот на сите бакнежи, францускиот бакнеж! Тој изразува сензуалност, посакување и романса. Ако францускиот бакнеж е вашиот стил, тогаш сигурно сте страстен и авантуристички љубовник. Може да се каже дека има голема физичка привлечност во вашата врска што тежнее кон интензивно меѓусебно истражување, што може да доведе до продлабочување на врската помеѓу вас и вашиот партнер.
Дали знаевте дека според научниците, секојдневното бакнување може да ви помогне да живеете подолго?