Што треба секоја жена да знае за љубовта до 30-тата година?
Љубовните врски на позрели години, носат поинакви очекувања и поинакви лекции за љубовта. Ова се нештата кои секоја жена би требало да ги знае за љубовта до триесеттата година од својот живот.
Љубовта бара географска блискост
Најчесто надежите дека врската би успеала и на далечина, се уриваат за време на студентските денови. Тогаш кога ќе ви стане јасно дека студирањето во различни градови не го разгорува жарчето на љубовта, туку го гасне. Ако не сте го сфатиле тоа додека сте биле студенти, можеби ви станало јасно малку подоцна. Да, можеби ќе копнеете еден за друг и ќе ви биде многу мило кога ќе се видите, но додека сте сами и разделени, ќе почувствувате потреба од нешто друго. Интернетот ни носи многу погодности, но скајпот, на пример, не може да ја замени романтичата вечера, одењето во кино, гушкањето и бакнежот за добра ноќ. Она што речиси секоја жена го сфаќа до триесеттата година од животот, е тоа дека вложувањето премногу за да успее врската на далечина на подолг рок, е губење време.
Глупавите девојки не се снаоѓаат подобро во љубовта
По филмовите и сериите често среќаваме женски ликови кои премногу размислуваат. Паметни жени со кариера на кои, по сè изгледа, не им е баш сјајно во љубовта. Тие размислуваат премногу за причината поради која тој не се јавил или не се појавил некаде или ги повикал по долго време. Мислевте дека девојките кои не размислуваат многу или, со други зборови, не се замараат, поминуваат полесно во љубовта? Тие без проблем ќе излегуваат со бившиот на својата другарка или со најдобриот другар на бившиот или нема да рзмислуваат дали да му се вратат на оној кој лошо се однесувал со нив. Не дека би требало да си ја чукате главата од ѕид, преопторувајќи се за секоја негова постапка, но паметните девојки кои го користат својот мозок кога станува збор за љубовта, имаат поздрави врски. Трудењето да го разберете неговото однесување, да го анализирате неговото размислување и вашиот однос, значи дека учевствувате во врската не само со вашето тело, туку и со вашето срце и ум.
Никакви очекувања не е исто со ниски очекувања
Често знаеме да си ги расипеме работите или премногу да се разочараме бидејќи нашите очекувања биле навистина високи. Затоа, кога се трудите вашите очекувања да бидат разумни и реални, ќе има ситуации кога би биле разочарани, но побројни ќе бидат ситуациите кога би биле задоволни со исходот. Реалните очекувања и имањето на ум дека луѓето од реалниот живот не изгледаат како филмски ѕвезди, може да направи да поминете прекрасно на состанокот на слепо со низок маж кој има малку повќе килограми. Не дека треба да ги погазите своите стандарди и принципи, но некогаш поставувањето превисоки стандарди би ви било од штета. Дозволете си да ги оцените луѓето откако ќе ги запознаете.
Ако вели дека не сака деца…
Ако ви вели дека не сака деца и неговото однесување покажува дека не планира наскоро да се „среди“, тоа значи дека навистина нема да го стори тоа. Тој нема да сака деца и ако ослабете, ставите силикони, се трудите да бидете подобра жена за него, сакате да се промените, или ако пробувате да го убедите. Ако рече дека не сака сериозна обврска, нема ништо двосмислено или метафорично во неговата изјава, кажал така како што мислел.
„Стави го појасот“ може да биде знак на љубов
Ако живеевме во совршен свет како од филмовите, мажите за да ја покажат својата љубов ќе трчаа по нас со големи натписи, цвеќиња и балони, можеби ќе им пишуваше и на чело дека нè сакаат или ќе организираа цел оркестар на сред плоштад, а во меѓувреме ќе напишеа и песна. Но, живееме во реален, вистински свет, каде знаците дека некој ве сака или му значите не се се потенцирани со светкави букви пред вашите очи, некогаш треба да ги пронајдете. Кога вашиот партнер ќе истрча по вас и ќе ве потсети да го ставите појасот во автомобилот, или ќе додаде моркови во вашата супа мислејќи на вашето здравје, тој на други начини, можеби и несвесно покажува колку му значите.