Што треба да знаете ако сте вљубени во алкохоличар?

Што треба да знаете ако сте вљубени во алкохоличар?

Кога некој ваш близок има одредена зависност, како што е на пример алкохолизмот, тешко е да одржувате здрава врска со него. Одвреме-навреме ќе сакате да се вратите назад и сѐ да започнете одново. Но, знаете дека доколку оставите некој зависник, неговата ситуација ќе се влоши. Секоја година се забележуваат многу смртни случаи предизвикани од алкохолот. Борбата со ваквата зависност е долг и сложен процес, не само за лицето кое се лекува, туку и за останатите околу него. Иако можеби сѐ ви изгледа безнадежно, сепак, постојат неколку начини на кои може да му помогнете на вашиот сакан да излезе од таа ситуација. Погледнете ги овие неколку нешта што треба да ги знаете кога до вас имате алкохоличар.

Неколку работи кои треба да ги знаете ако до вас имате алкохоличар

1. Вие не сте виновни

Многу деца на алкохоличари растат сметајќи дека зависноста на нивниот родител е нивна вина. Сестрите, браќата и родителите на зависниците исто така се соочуваат со чувство на вина, иако тоа не е нивна грешка. Секоја личност има можност да прави свои избори во животот, па доколку вашиот сопруг, брат или дете одлучи да му се предаде на алкохолот, тоа е негова одлука.

2. Никогаш не сте сами

Кога се соочувате со нечија зависност, многу пати ќе се почувствувате сами. Борбата со алкохолизмот ќе направи да чувствувате дека сте единствената личност на светот која до себе има алкохоличар. Не дозволувајте да ве обземе ова чувство. Ако навистина сакате да му помогнете на некој зависник, побарајте друг кој се соочува со слична ситуација. Постојат многу алкохоличари кои се во кругот на нивните пријатели и семејство, па, никако не сте сами!

3. Нема да бидете во можност да му простите

Справувањето со зависноста е тешка задача и честопати прави зависникот да краде или да лаже, што дефинитивно ќе биде пречка во вашата врска. Кога вашиот син или родител ќе крие работи од вас, тогаш вие ќе бидете налутени. Простувањето нема да биде лесно, но ова е дел од процесот кој треба да се помине доколку сте во врска со личност зависна од алкохол или други пороци. Дури и кога ќе биде трезен, нема да ви биде лесно да ги простите сите тие лаги. Разочарувањето ќе биде дел од вашата врска подолго време, но треба да бидете искрени и внимателни што ќе му кажете за време на неговото подобрување, затоа што секогаш постои склоност повторно да се наврати на алкохолот. Некои луѓе може да се обидуваат да ги скријат чувствата кои ги имаат кон нивните сакани, но ова е најлошото нешто што можете да го направите.

Неколку работи кои треба да ги знаете ако до вас имате алкохоличар

4. Треба малку да се оддалечите од него

Кога до себе имате алкохоличар треба да бидете способни да се оддалечите од ситуацијата и да сфатите колку навистина може да вложите без да бидете исцрпени од животот со него. Наместо да трчате наоколу, обидувајќи се да ги решите проблемите кои ги создава зависноста, вратете се чекор назад и продолжете да го поддржувате вашиот сакан, без да го преземете неговиот живот во ваши раце. Доколку тој не е способен да престане да се уништува себеси, тогаш вие не можете да направите нешто со што би му помогнале. Затоа, поставете си граници и јасно наведете што сте подготвени да прифатите, а што не. Во многу случаи може да ви биде потребна и стручна помош, па, не срамете се да ја побарате.

5. Научете како да се справите со срамот

Зависноста од алкохол предизвикува срам за фамилијата, затоа, потребно е да научите како да се справите со тоа. Луѓето кои никогаш не се справувале со алкохоличар не можат да разберат низ што поминувате вие и вашите блиски. Тие не се подготвени да ве разберат, се водат според одредени митови, па трудете се да ги игнорирате. Обратете се во одредени групи за поддршка каде што ќе најдете ситуации слични на вашата, па ќе можете да ја добите емоционалната поддршка која ви е потребна. Не дозволувајте срамот да ве спречи во нешто!

6. Дајте си време да се подобрите

Фокусирајќи се на алкохоличарот, честопати може да заборавите на своите потреби и чувства. Постојат моменти кога луѓето околу вас ќе ве осудуваат дека не сте со зависникот од алкохол кога тој минува низ лоша фаза и ќе мислите дека за вас нема надеж. Но, тоа не е вистина, затоа што секогаш постојат нови можности кои чекаат да бидат откриени. Запаметете дека и вие исто така имате потреба да се опуштите и да ги наполните батериите. Со цел да бидете во можност да му помогнете на алкохоличарот, треба да настојувате да го задржите својот разум и своето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар