Што треба да направите за брзо да останете бремени?
Многу парови се обидуваат да зачнат бебе, но поради некоја причина не им успева. Се наоѓате во слична ситуација? Со месеци се обидувате да зачнете, но безуспешно? Репродуктивните биолози го имаат одговорот на прашањето што треба да се направи за да се забремени. Прочитајте во продолжение за да дознаете повеќе.
Исфрлете ги алкохолот и цигарите
Иако на паровите им се советува да ги променат своите навики 3 месеци пред да почнат да се обидуваат да зачнат бебе, тоа не е доволно ако партнерите имаат нездрава телесна тежина и лоши животни навики. Наместо тоа, и мажите и жените треба да се обидат да го симнат вишокот килограми и да дојдат до здрава тежина многу порано пред да почнат да размислуваат за формирање семејство. Треба да се исфрлат алкохолот и цигарите и да се земаат мултивитамини однапред пред жената да остане во блажена состојба.
Репродуктивните биолози истакнуваат дека сè тоа треба да се направи однапред бидејќи на некои луѓе им треба и цела година за да го симнат вишокот килограми или да се прилагодат на здрава исхрана која добро ќе влијае на плодноста. Некогаш може да потрае неколку месеци додека тие промени делуваат на јајце клетките од жената, додека ефектот на сперматозоидите може да „почека“ околу 3 месеци.
Воведување здрави навики
Вообичаен совет е 3 месеца претходно паровите да воведат здрави навики и да земаат фолна киселина, но тоа не е доволно време за да дојде до неопходни промени. Паровите се венчаат, потоа чекаат додека не се јават проблеми со зачнување, па дури потоа ја менуваат исхраната и животните навики. Ужасно е тешко ако дојде до проблем со плодност кој порано сте можеле да го решите.
Земање витамини и здрава исхрана
Едноставните работи како проверка на нивото на витамин Д во организмот можат да направат голема разлика.
Студиите покажале дека 1 од 10 мажи може да ја зголеми својата плодност со промена на животните навики како што е вежбање 3 пати неделно, внесување јаткасти плодови и намалено консумирање алкохол. Кога станува збор за жените, постојат сè повеќе докази дека витаминот Д кој може да се најде во мрсните риби и црвеното месо, може да придонесе тие да останат бремени така што ќе му помогне на ембрионот да се закачи на ѕидот од матката. Исто така, пред зачнувањето жената треба да го зголеми консумирањето на јодот кој се наоѓа во млечните производи и риби бидејќи и ниското ниво на јод може да го отежни зачнувањето, но и да влијае на развојот на бебето.
Зголеменото консумирање омега-3 масни киселини е од помош кога станува збор за зачнување бидејќи многу луѓе не внесуваат доволно од оваа есенцијална киселина.
Научниците велат дека од помош може да биде и медицинската исхрана бидејќи многу жени кои се обидуваат да затруднат во телото имаат недостаток на железо и цинк.
Регулирање на телесната тежина
Тежината на мајката пред и во текот на зачнувањето имаат важен ефект на здравјето на бебето во иднина. Исфрлањето на алкохолот е важно бидејќи со тоа се избегнува создавање токсично опкружување за јајце клетките и ембрионот во развој.
Дознајте кои се најчести фактори што предизвикуваат неплодност.