Што треба да направите ако тој се однесува како да не сте му приоритет во животот?

Што треба да направите ако тој се однесува како да не сте му приоритет во животот?

Многу жени се прашуваат зошто не се приоритети во животот на нивните мажи. Особено ако тој е секогаш во вашиот ум и ако ве сака, зар не би требало и вие да бидете во неговиот? Зар не функционираат така нормалните врски? Доколку постојано чекате со часови тој да ви одговори на вашите пораки, тогаш тоа значи дека става многу работи пред вас: Неговите пријатели, работата, па дури и видео игрите. Ако не сакате да се оддалечите од него, но почнувате да се загрижувате дека никогаш нема да бидете на врвот на неговите приоритети и ако со тоа што се обидувате да поминувате повеќе време заедно, вие само го оддалечувате од себе, тогаш не треба да постојано да се трудите да бидете негов приоритет, затоа што тоа нема да ја подобри ситуацијата.

Што треба да направите кога тој се однесува како да не сте му приоритет во животот?

Зошто ви е потребно да се чувствувате како негов приоритет?

Вие имате потреба да се чувствувате како приоритет затоа што барате одредено чувство на сигурност. Филмовите кои ги гледате, сериите, семејството, пријателите, книгите и списанијата – сите овие работи ви посочуваат на тоа колку време треба да поминувате со вашиот партнер. И ако не поминувате толку време, вие ќе се чувствувате несакано и како да не сте негов приоритет. Тогаш мислите дека нешто недостасува во вашата врска и дека нешто ве оддалечува еден од друг. Сликата за тоа како „треба да изгледа“ една врска, е наметната од популарните медиуми. Но, таа доаѓа од надвор, а не од вас самите.

Ја следите идејата за тоа како „треба да изгледа“ нормалната љубовна врска

Ваквиот вид очекување ве води до повеќе расправии, несреќа и на крај раскинување. Вистината е дека никогаш нема да бидете единствениот приоритет на вашиот партнер. Тоа е така затоа што никој на светот нема само еден приоритет. Мажот до вас има повеќе цели и во еден период тие може да биде насочени кон работата, семејството, пријателите или само кон одмор и релаксација. Истата рамнотежа со приоритетите ја правите и вие, но има една клучна разлика: Жените се многу подобри во извршувањето повеќе задачи одеднаш и во размислувањето за многу работи истовремено, додека пак мажите сакаат да се фокусираат на една работа во еден момент, посветувајќи го целото свое внимание. Тоа значи дека кога тој е на работа, (најверојатно) не размислува за вас и целото свое внимание го посветува на работните задачи. Од друга страна пак, кога вие сте на работа, можете постојано да размислувате за него, но ова не е начинот на кој функционира неговиот ум. И доколку очекувате тој да ви одговори на повикот или пораката, додека е на работа, тоа ќе доведе до недоразбирања помеѓу вас двајцата. Добро е што тој ѝ дава приоритет на неговата работа, затоа што сепак тоа му е обврска, но тој има и други важни приоритети кои му помагаат да одржува рамнотежа во неговиот живот.

Што треба да направите кога тој се однесува како да не сте му приоритет во животот?

Целосно добивање на неговото внимание

Најдобриот начин за да го добиете неговото целосно внимание (и да поминува повеќе време со вас) е да ги поддржувате и да ги почитувате неговите приоритети. Дајте му простор да ги прави работите што ги сака. Секој има свој начин на релаксирање кое му е потребно повремено. Тука е и најважниот дел: Колку повеќе мажот се чувствува почитуван и поддржуван од неговата партнерка, толку повеќе тој ќе сака да поминува време со неа. Тој ќе чувствува дека таа е „поразлична“ и дека не смее да си дозволи да ја изгуби, па ќе се грижи за неа.

Почитта, среќата и радоста во вашата врска не е постојано да барате повеќе внимание и да сакате да бидете приоритет на вашиот партнер. Наместо тоа, почитувајте ги и поддржувајте ги неговите приоритети и дајте му простор да ги прави работите што ги сака, при што ќе се чувствува почитувано и сакано од ваша страна, а вие за возврат ќе ги добиете истите работи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар