Што сè треба да знаете за антицелулитните масажи?

Што сè треба да знаете за антицелулитните масажи?

Антицелулитните масажи помагаат да се стимулира лимфниот систем во телото, а најважно од сè е правилно да се применуваат. Сепак, постојат и случаи кога премногу очекуваме од неа. Целулитот е проблем што го имаат голем процент жени и речиси сите од нив бараат трајно решение, кое вклучува креми и гелови, чаеви и секако, масажи. Исто така многу е важно да се користи квалитетна антицелулитна крема, масло или гел, затоа што само тогаш масажата има ефект.

Што сè треба да знаете за антицелулитните масажи?

Целулитот настанува под кожата, помеѓу фиброзите кои ги врзуваат мускулите на кожата. Се појавува кај стомакот, задникот и колковите, затоа што таму природно имаме повеќе масни наслаги. Дополнително, ситуацијата се влошува ако лошо се храниме, не сме физички активни и не внесуваме доволно течности.

Дури ни слабите жени не се отпорни на целулитот. Може да немаат ниту килограм вишок, но сепак кожата на овие зони да им изгледа како кора од портокал.

Каква е антицелулитната масажа?

Што сè треба да знаете за антицелулитните масажи?

За разлика од другите, оваа масажа е поагресивна и нема многу да уживате во неа, а може дури и да биде малку болна. Сепак, таа е најмалку болна од другите антицелулитни методи, како што се мезотерапијата или инјекциите. Па, ако се решите за антицелулитна масажа, изберете професионалец кој ќе знае да ја изведе правилно.

Со помош на масажата се стимулира протокот на лимфа низ лимфниот систем, а со тоа се разбиваат мастите на критичните зони и порамномерно се распоредуваат под кожата. Затоа, целиот процес има повеќе фази…

  • Прва фаза – загревање со полесни движења
  • Втора фаза – поинтензивни штипења и притисоци за полесно разбивање на грутките
  • Трета фаза – долги движења од колената нагоре, за да се овозможи исфрлање на токсините

Што сè треба да знаете за антицелулитните масажи?

По третманот, важно е да пиете многу вода, за да го надоместите изгубеното, но и да го олесните исфрлањето на токсините. Исто така имајте на ум дека од 2-3 третмани не треба да се очекува чудо. Потребни се најмалку 10 за да може да има видлив ефект.

За сето ова да биде успешно, клучно е и да ги искорените сите лоши навики со кои му наштетувате на телото.

Не пијте алкохол и оставете ги цигарите, бидејќи тие го трујат лимфниот систем и потоа потешко се бори со токсините во телото.

Јадете свежа храна, а избегнувајте индустриски производи полни со адитиви. На тој начин придонесувате во вашето тело да се наталожат што помалку токсини, кои инаку ги има во вештачките бои и засилувачите на вкус.

Пијте доволно вода во текот на денот, бидете активни и најдете го здравиот режим на живот кој ви одговара.

Погледнете и кои 6 видови облека успешно го кријат целулитот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар