Што се случува со вашиот мозок за време на менструацијата?
Скоро секоја жена пред менструалниот циклус има болки, грчеви, надуеност, а и акните неретко изостануваат. Но покрај фактот што мораме да се носиме со физичките симптоми, постојат и ментални проблеми кои се видливи во текот на менструацијата. Ниеден од овие симптоми не ве прават глупави или помалку адекватни. Во продолжени прочитајте кои промени се случуваат во мозокот за време на менструалниот циклус:
Зголемена чувствителност на мигрената
Кај жените кои не се во менопауза, нивото на естроген расте и пред почетокот на менструацијата, што влијае на протокот на магнезиум во коските и мускулите. Како што опаѓа нивото на магнезиум, тој повеќе не е во состојба да се спротивстави на коагулацијата на калциумот во крвта. Па доколку ситните згрутчувања ги затнат крвните садови, постои голема веројатност дека ќе се соочите со мигрена. Како вообичаената болка во долниот дел од стомакот не е доволна!
Проблеми со размислувањето
Менструацијата не е најдобро време да решавате загатки, цртате дијаграми или да научите да возите автомобил, бидејќи во овој период проблемите со пространото размислување започнуваат. Менструалниот циклус влијае на нашата способност за пространо размислување, и за жал ова не може да се промени. Но овој факт ќе ви помогне да останете смирени во ситуација кога одеднаш ќе се изгубите во својот роден град.
Проблеми со концентрацијата
Чувството на „замаглен“ мозок за време на циклусот е сосема нормално. Ви се чини како мозокот да е задушен и не можете да се носите со сложени задачи? Доколку го пратите својот циклус, обидете се да работите што е можно помалку работи во овој период од месецот.
Намалено либидо
За време на менструацијата, вашиот мозок може да биде помалку подложен на сексуалните сигнали, а да не го спомнуваме фактот дека ниското ниво на тестостерон ја намалува сексуалната желба.
Пад на енергијата
Повеќето жени се чувствуваат уморно за време на менструалниот циклус. Хормоните кои создаваат околина за оплодување не се потребни, па нивната содржина опаѓа и сосема е нормално да се чувствувате исцрпени после напорната работа. Но осигурете се оваа состојба да не продолжи и по циклусот – можеби имате проблеми со надбубрежните жлезди.
Промена во расположението
Промените во расположението за време на менструацијата не се мит, а што е уште полошо – вашиот мозок буквално може да западне во депресивна состојба неколку дена. Хемискиот состав на мозокот значително се менува, односно нивото на естроген и прогестерон, што значи дека уште потешко можеме да ја контролираме нашата емоционална состојба. Па, депресијата може да биде поврзана не само со уморот и болките, туку и со промените во главата.
Прочитајте ги и овие 10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови.