Што се случува со вашето тело кога потиснувате интензивни емоции?

Што се случува со вашето тело кога потиснувате интензивни емоции?

Денес живееме во свет каде што никој не сака да слушне како се чувствувате. Никому не му е пријатно да слуша за туѓите емоции и сите преферираат луѓето да си го носат своето „среќно лице“ а проблемите да ги чуваат за себе.

10-raboti-koi-se-sluchuvaat-koga-gi-potisnuvate-vashite-emocii-kafepauza.mk

За жал, ова прикривање и потиснување не само што е лошо за менталното здравје, туку последици трпи и телото. Во продолжение се 10-те работи кои се случуваат со вашето физичко здравје кога си ги потиснувате емоции. Можеби токму овие информации ќе ве инспирираат поотворено да разговарате за своите чувства и да се обидете да го пронајдете внатрешниот мир.

1. Висок крвен притисок

Бидејќи за потиснувањето на емоциите е потребна енергија, личноста која го прави ова често се справува со висок крвен притисок. Всушност, многу луѓе тврдат дека кога се гневни или кога чувствуваат екстремна тага, нивното срце забрзува. Ова е опасно како за мозокот, така и за целото тело.

2. Зголемување на тежината

Добро познат факт е дека луѓето кои се под стрес, а не се справуваат со него се склони кон прејадување. Ова се случува потсвесно, како начин за контролирање на стресот. Ако некој нема здрав „издувен вентил“, како вежбање, пишување, или што било креативно, многу е лесно да ја зголеми својата телесна тежина.

3. Дигестивни проблеми

Потиснувањето на емоциите може да резултира со проблеми со дигестијата. Стресот го забавува дигестивниот систем а ова резултира со намалена апсорпција. Всушност, многу луѓе се соочуваат со киселини, дијареја, констипација и слично кога се изложени на многу стрес.

4. Триење на забите

Дали сте знаеле дека триењето на забите може да биде знак дека имате паразити? Покрај тоа, оваа појава е и резултат на потиснување на емоциите. Многу често триењето на забите се случува кога некој е гневен или фрустриран. Тоа може да предизвика болки во вилицата и главата, но и да ги уништи вашите заби.

5. Појава на брчки

Брчките не се секогаш резултат на стареење. Многу луѓе кои ги потиснуваат своите емоции прават загрижени изрази на лицето кои пак, предизвикуваат појавување на линии и брчки.

6. Проблеми со спиењето

Ако многу често ви е тешко да заспиете, можеби е време да ги искажете вашите чувства. Лошиот сон е симптом на акумулиран стрес кој не ви дозволува да заспиете. А како што веќе сигурно знаете, спиењето е клучно за правилно функционирање на телото.

7. Намалено производство на окситоцин

Окситоцинот е хормон кој прави да се чувствувате убаво и најчесто се лачи кога се прегрнувате или кога споделувате интимни моменти со блиска личност. Овој хормон има голема улога во справувањето со стресот и анксиозноста. Но, кога ги потиснувате емоциите, неговото производство се намалува и само си ја влошувате ситуацијата.

8. Намалување на активноста на темпоралниот лобус

Овој дел од мозокот е одговорен за сеќавањата и за основните сетила, вклучувајќи го видот, слухот и допирот. Ако ги потиснувате емоциите, овој дел од мозокот може многу да трпи.

9. Ослабен имунитет

Кога сте бомбардирани со стрес, вашиот имунитет ослабува. Не само што почесто ќе се разболувате, туку ова ќе има влијание и на другите делови од вашиот живот како што се врските, работата и вашите цели. Најдете време и начин да се справите со стресот со цел да го зачувате вашето здравје.

10. Губење на меморијата

Стресот кој потекнува од потиснувањето на емоциите може да предизвика губење на меморијата. Но, има начин да го спречите тоа. Одвојувајте повеќе време за релаксација (наполнете си ја кадата, читајте, прошетајте…) и уживајте во придобивките.

Оваа едноставна техника ќе ви помогне да се справите со стресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар