Што се случува со вашето тело кога не се туширате редовно?

Што се случува со вашето тело кога не се туширате редовно?

Сите познаваме човек кој мисли дека нема потреба да се тушира редовно и да одржува лична хигиена. Но, и сите знаеме дека последиците од нередовното туширање не се воопшто пријатни. Телото почнува да мириса лошо, косата станува мрсна, а понекогаш кожата пука од сите тие насобрани нечистотии на епидермисот. Сите овие работи се случуваат ако само два дена заборавите да се истуширате.

Што се случува со вашето тело кога не се туширате редовно?

Повеќето луѓе сакаат да го започнат денот со туширање. Тоа ќе ви помогне да се разбудите и ќе ве подготви за свеж почеток на денот. Почнувањето на денот со туширање е одлична навика. Меѓутоа, ова не важи за бебињата. Нивната кожа е многу нежна и не функционира на ист начин како нашата. Бебињата треба да се бањаат еднаш до два пати неделно.

Миењето на косата е сосема друга приказна. На поголемиот дел од луѓето им одговара да ја мијат косата околу два пати неделно за да не им стане премногу сува и кршлива. Одвреме-навреме треба да им дозволите на вашите природни масла да си ја завршат работата, бидејќи тоа е добро за косата.

Телото, пак, постојано создава нови бактерии што живеат на кожата. На него има околу 1.000 различни бактерии и околу 40 типа габички во секое време. Ова сигурно ви звучи одвратно, но овие бактерии се добри за нас бидејќи го одржуваат нашето здравје.

Функцијата на бактериите е да ги уништат другите штетни микроорганизми, а со туширањето уште повеќе ќе се заштитите од патогените на коишто сме изложени секојдневно. Ако еден ден заборавите да се истуширате, ќе им дадете простор на бактериите да се размножуваат.

Зголемениот број бактерии во комбинација со природното потење на кожата во текот на денот, создава одлични услови за размножување на бактериите што ги зголемува шансите за развој на бактериска или габична инфекција.

Секогаш кога се тушираме, ние се чистиме од сите мали одвратни микроорганизми кои се размножуваат на нашите тела во текот на денот. Без разлика дали сте вклучени во физички активности или ретко излегувате од дома, на вашето тело сепак се собира мал слој нечистотии. Дадете сѐ од себе за да го победите овој проблем со тоа што ќе се туширате редовно и ќе ја вадите шминката од лицето секоја вечер, без исклучок!

Во продолжение прочитајте кои се придобивките од туширање со топла, а кои со ладна вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар