Што се случува со вашето тело кога хормоните ќе ви подивеат?

Што се случува со вашето тело кога хормоните ќе ви подивеат?

Нашите хормони се одговорни за намалување на стресот, забрзување на метаболизмот, градење на мускулите и слични процеси. Нашите навики и начинот на живот имаат клучна улога при одржувањето на хормоналниот баланс, кој е многу важен за нашето здравје.

Доколку не сте поборник на здравите навики, можете да платите голема цена, така што ќе го нарушите балансот на хормоните во вашето тело а тоа негативно ќе влијае на вашето здравје. И додека бараме решение за подивените хормони во различни апчиња, решението е всушност пред вашиот нос – во форма на здрави навики, здрава исхрана, честа физичка активност и добар сон.

Постојат неколку знаци за нарушување на балансот на хормоните кои можете да ги забележите кај себе и да реагирате на време со цел да ги вратите во нормала.

1. Тешко ви е да се разбудите

Доколку ви е навистина тешко да станете од кревет од сабајле, тоа значи дека ритамот на производство и циркулација на вашите хормони се нарушил, па затоа се чувствувате тромаво и уморно. На пример, нивото на кортизолот во крвта треба да ви биде висок наутро, со цел да се разбуди вашиот мозок и да се подготви за денот. Доколку не можете да станете од кревет, тогаш можеби циркулацијата на кортизол ви е нарушена.

2. Губите енергија по оброкот

Доколку уживате во оброк обогатен со јаглехидрати, па потоа чувствувате умор и исцрпеност, тоа може да биде знак дека имате проблеми со инсулинот. Со цел вашето тело да може добро да функционира, по ручекот, вашето тело треба да произведе големо количество инсулин, која пак потоа полека се намалува во часовите по јадењето. Ако не сте во состојба да излачите доволна количина инсулин по јадењето, тоа може да значи дека имате нарушување на хормоните.

3. Постојано сте гладни

Лептинот е хормон кој ја регулира вашата ситост, а кога има нарушување во неговото производство, чувствувате постојано потреба за храна. Ако постојано сте гладни, особено за нешто слатко, тогаш нивото на лептин во вашата крв е многу низок. Кога јадете многу јаглехидрати, се лачи многу инсулин, што го блокира лептинот, па затоа и имате потреба да јадете повеќе што воопшто не е добро ниту за вашата линија ниту за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар