Што се случува со нашето тело кога слабееме?
Отсекогаш сте сакале да имате некој килограм помалку или да симнете 10 или повеќе килограми за да изгледате како што сакате? Поентата на секоја диета не е да завршите слаби и болни, туку да ослабете здраво. Тоа се постигнува со балансирана исхрана.
Како нашето тело ја сфаќа диетата?
1. Моменталната ситуација
Личноста со вишок килограми има зголемен процент на масни наслаги.
2. Во текот на диетата
Секоја диета поставува различни правила, меѓутоа повеќето се сведуваат на исфрлање на одреден вид намирници од исхраната, најчесто јаглехидратите, или гладување. На тој начин телото го лишиме од нутриентите (хранливите материи) и бидејќи гладуваме трошиме многу мускулна маса, а исфрламе само вишок вода од организмот. Така се создава привидниот резултат – помалку килограми на вагата и помал конфекциски број, но мастите остануваат.
3. После диетата
Знаеме дека мускулната маса троши енергија (калории), но бидејќи за време на диетата сме ја намалиле, сега нема кој да троши калории, па во телото се таложат уште повеќе маснотии. Кога на сето тоа ќе се додаде и враќањето на водата, доаѓа до познатиот јо-јо ефект. Секој кој некогаш бил на диета, се има уверено во ова.
Затоа е јасно зошто некои диети може да ни направат повеќе штета одошто корист. Покрај физичките последици, диетите често имаат и психички последици, бидејќи се јавува разочарување, страв од иден неуспех, откажување од идејата за слабеење итн.
Ако навистина сакате трајни резултати, повеќе енергија и виталност, заборавете на диетите и воведете балансиран начин на исхрана.