Што се случува со нашето тело кога се расправаме со саканата личност?

Што се случува со нашето тело кога се расправаме со саканата личност?

Расправиите и несогласувањата се дел од секоја романтична врска. Секој кој барем еднаш остро се искарал со саканата личност знае дека тоа може да предизвика чувство на исцрпеност и умор, но од каде доаѓаат тие интензивни чувства и кои се физичките последици кога се расправате?

Според науката, паровите кои се подолго време во врска и имаат однос исполнет со стрес и чести расправии се во опасност да развијат здравствени проблеми како висок крвен притисок и зголемување на нивото на кортизол што може да доведе до поголем ризик од развој на дијабетес, срцев и мозочен удар.

0-shto-se-sluchuva-so-nasheto-telo-koga-se-raspravame-so-sakanata-lichnost-kafepauza.mk

Добрата вест е што со малку свесност и сочувство поголемиот број парови можат да ги одбијат овие штетни предизвикувачи на стрес уживајќи во сите позитивни здравствени предности кои среќната врска може да ги донесе.

1. Се зголемува стресот – За време на караница, се активира амигдалата која ослободува кортизол – хормонот кој предизвикува стрес.

2. Вашето срце работи забрзано – Стресот кој се создава предизвикува забрзана работа на срцето.

3. Се крева крвниот притисок – Поради забрзаното дишење и поактивната работа на срцето, вашиот крвен притисок се зголемува.

4. Вашето дишење се забрзува и вашите гради се затегнуваат – Кога се лутите, вашиот крвен притисок се зголемува и вашите гради се шират во потрага по екстра кислород.

5. Вашиот имунолошки систем не е во нормална состојба– Премногу стрес во подолг период може да предизвика намалена функција на клетките кои се борат против разни болести.

6. Се предизвикува тензија и стегање на забите – Кога се лутите на саканата личност може да предизвикате тензија во мускулите во главата, вратот, рамениците и вилицата.

7. Се оштетуваат гласните жици – Ако се дерете за време на долга караница, може да ги оштетите гласните жици.

8. Чувствувате возбуда – Кога паровите се расправаат, тие добиваат доза епинефрин и норепинефрин – истите хормони кои се ослободуваат кога се возите на луда железница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар