Што се случува кога уживате во вашата самотија?

Што се случува кога уживате во вашата самотија?

Постојат многу стигми за луѓето што обожаваат да минуваат време сами, како на пример, дека се асоцијални или непријателски настроени, а можеби дури и дека се без вистински пријатели во својот живот. Но вистината е дека времето поминато сами со себе е најдоброто нешто што можете да го направите. И покрај тоа што е важно да направите баланс меѓу самотијата и дружењето, за да го извлечете најдоброто од двата света, прочитајте ги следниве 8 фантастични нешта што можат да ви се случат само доколку навистина уживате во вашата самотија…

1. Си ја полните енергија

Потребна ви е голема количина енергија за да можете да функционирате во денешниот модерен свет, а интеракцијата со другите луѓе знае да ја исцрпи. Да, добро е да се смеете и да се забавувате со саканите, како и да понудите емпатија кога има потреба од неа, но исто така е клучно и да најдете време да си ги „наполните батериите“. Кога сте сами, вие се подмладувате и си дозволувате да привлечете многу позитивни нешта во вашиот живот.

2. Имате време за размислување

Модерниот живот е хаотичен, нема потреба да се зборува за тоа, но сепак мал број луѓе застануваат и размислуваат за тоа што го преживеале. Ова е многу важно доколку сакате да разберете каде сте и како навистина се чувствувате. Кога минувате време со себе, вие ја отстранувате емоционалната бука создадена од другите и можете да ги идентификувате вашите незадоволени потреби. Исто така и посвесно размислувате за вашите цели, па подобро ги адаптирате плановите за иднината.

3. Добивате наплив на продуктивност

Една од најочигледните придобивки од вашето време поминато во самотија е што можете да завршите многу работи! И покрај тоа што изгледа фино да разговарате со добар пријател или член од семејството, понекогаш тоа не може да ви го стиши чувството дека сте назад со вашите обврски. Колку помалку нешта ви го одвлекуваат вниманието, толку повеќе можете да завршите и да бидете попродуктивни.

4. Повеќе уживате во вашите врски

Ако никогаш не поминувате време сами, не си давате шанса целосно да го цените времето поминато со другите луѓе. Ако експериментирате со периоди на самотија, вие ќе почнете да сфаќате дека го цените присуството на најблиските. Ова се случува затоа што сте приземјени и имате подлабоко разбирање за своите емоции и потреби, но исто така и затоа што сте си одвоиле доволно време да се ставите себеси како приоритет.

5. Подобро се спознавате себеси

Кога сте со други луѓе, природно се адаптирате на одредени аспекти од атмосферата околу вас за да можете да „припаѓате“ во оваа група. Тоа е сосема нормално и сите го прават, најчесто несвесно. Дури и оние што се сметаат за прилично автентични. Кога сте сами, немате потреба никого да задоволувате и вашите мисли доаѓаат на прво место. Оваа подобрена перспектива на вашиот идентитет може да ви помогне да разберете што ве прави среќни и што е целта на вашиот живот.

6. Имате време за нештата што ги сакате

Кога минувате време со други луѓе, вие постојано мора да правите компромиси за сите да се чувствуваат удобно и пријатно. Иако понекогаш ова може да се совпадне со вашите интереси, сепак одвреме-навреме мора да правите отстапки за доброто на другите. Кога учите како да уживате во вашата самотија, наместо да ѝ се плашите, вие сфаќате дека таа ви овозможува уникатна можност да ги следите дури и вашите најексцентрични хобија и најдлабоките страсти без да треба да правите компромиси со никого.

7. Ви се намалува потребата за валидација

Ако сте навикнати да барате одобрување од другите за да се чувствувате добро, тогаш не сте вежбале доволно за самите да се грижите за вашата среќа. Всушност, вие можеби имате навика и да барате надворешна помош секогаш кога се чувствувате анксиозно или со помала самодоверба. Токму затоа и треба да развиете внатрешни резерви на цврстина доколку сакате да ја одржувате самодовербата на високо ниво. Единствениот начин да го сторите тоа е доколку поминувате време со самите себе.

8. Ви се зголемува независноста

И за крај, луѓето што ретко поминуваат време сами паничат секојпат кога дури и само ќе помислат да не бидат опколени со голема група луѓе, и токму ова води кон значително намалување на самодовербата. На пример, ако мислите дека можете да бидете среќи или компетентни само како дел од група, тогаш ќе ви биде тешко да поверувате дека можете и самите да постигнете нешто, без разлика дали станува збор за приватниот или професионалниот живот. Откако ќе почнете да навикнувате да бидете сами, ќе почнете и да ја препознавате моќта и ефектот што тоа го има на вашата независност – и на овој начин ќе поверувате дека вие можете сами да ги остварите сите цели што ќе ги замислите!

Прочитајте ги и најубавите мисли за самотијата – зошто таа е можеби најдоброто нешто кое ви се случило?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар