Што се случува кога ги брзате вашите деца?

Што се случува кога ги брзате вашите деца?

Современото општество си наметнува брз начин на живот полн со непотребен адреналин во обидот да се стигне секаде на време. Стресот кој притоа се создава предизвикува штета кај сите, но кога во овие брзаници се вклучени и децата тогаш последиците се поголеми. Моментите кога од нив барате побрзо да се облечат или за две минути да завршат со оброкот затоа што вие треба да стигнете некаде не се поволни за нив. Психологот Лора Маркам предупредува дека на децата им е потребно време и опуштен амбиент, во спротивно можат да се соочат со проблемите кои следуваат.

Што кога ги брзате вашите деца?

  • Брзањето влијае на развојот на детскиот мозок. Тој се оформува секојдневно, а честото изложување на стрес може да предизвика тој да се развие на начин што ќе предизвика детето подоцна да биде склоно кон анксиозност.
  • Го покачува нивото на хормоните на стресот, што резултира со тешкотии со спиењето и мрзливост, а понатаму и со зголемување на телесната тежина.
  • Им дава чувство дека се под притисок и контрола. Кога ќе пораснат, ако работат работа во која му се изразито подредени некому, ќе бидат повеќе склони на стрес.
  • Премногу се стимулирани, така што не можат да ги процесираат сите информации кои стигнуваат до нив, што понатаму ја намалува способноста за учење.
  • Ги навикнува да бидат зафатени, па подоцна во животот лесно ќе им здодева што било и ќе бараат некоја нова поголема стимулација.
  • Им оневозможува да ги откриваат и истражуваат своите страсти во животот. Тоа е бавен процес на кој не му треба брзање.
  • Им создава чувство на некомплетност и неисполнетост, што им ја одзема привилегијата да уживаат во постигнатите резултати.
  • Не им дозволува да се занимаваат со сопствените емоции, така што на крајот на денот имаат многу емоции кои треба „да излезат надвор“. Тоа води до прекумерно јадење, прекумерно гледање телевизија и слични работи кои на детето му дозволуваат на некаков начин да избега од своите емоции.
  • Брзањето некаде постојано го прекинува нивното истражување на околината, а тоа постепено води до губење на љубопитноста.
  • Не им дава да живеат во сегашниот момент.

Неопходно е да се побара начин да се забави малку со ваквото темпо, затоа што тоа не создава ниту добри родители, ниту сосема здрави деца. Затоа Маркам советува да најдете време кое ќе го поминете со детето, во кое ќе се поврзете повеќе со него, без само да брзате да го поминете денот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар