Што се случува ако љубите алкохоличар?

Што се случува ако љубите алкохоличар?

На почетокот сè е супер. Бракот е прекрасен. И вие не можете да дочекате да го поминете остатокот од животот со вашиот принц од соништата. Затоа и го замислувате бракот како прекрасна градина полна со чудесии и возбуда. Ништо не може да ви расипе денот, дури и кога гледате дека на вашиот пат има расфрлано боцки. Вие му ветивте дека ќе го сакате до крајот и едноставно не можете да си го замислите животот без него. Му дадовте збор дека ќе го сакате и во болест и во здравје, а тој нежно ве држеше за рака и со бакнеж го запечати овој договор.

Што се случува ако љубите алкохоличар?

Но што кога алкохолот ќе ви се вмеша во врската? Што ако љубовта не е доволна? Што ако откако ќе стапите во брак, ќе видите досега непозната страна од него? Почнувате да се гушите од нешта што еднаш сте верувале дека не постојат и не знаете како да ги спречите. Тоа е алкохолот – толку привлечен и заводлив, што го држи маѓепсан како што вие никогаш нема да можете. Тој е жеден за неговиот вкус и тежнее за неговиот допир. Темна љубовница со која не можете да се споредите, а тој ја гали како што никогаш не ве погалил вам.

Доцните ноќи поминати во карање само ги влошуваат нештата и тоа дополнително го турка кон алкохолот. Вашето трпение истекува, а тој воопшто не забележува. Се трудите да направите нешто, и сте поминале многу неспани ноќи гледајќи го како се удира од ѕид во ѕид, додека конечно не се струполи на каучот или фотелјата. Сте останале будни за да го натерате да јаде или да се напие вода, додека тој ви нафрлал погрдни зборови без да сфати што излегува од неговата уста.

Кога конечно ќе најдете време за одмор, во раните утрински часови, се будите покрај маж што не се сеќава. Тој се извинува, но не знае за што. Сините светла, лисиците, насолзените очи… Ништо не му зборува како дрогата. Вие го знаете неговото златно срце, знаете дека тоа не е вистинскиот тој и имате право. Тоа не е вашиот сопруг. Вие едноставно сте во брак со алкохолот. Тоа го контролира на начини на кои вие никогаш нема да можете. Му нуди нешто за што вие не сте способни, бидејќи едноставно сте човек.

Љубовта е силна, но колку е силна во споредба со зависноста? Во споредба со алкохолизмот? Што ќе биде потребно за да се вратите назад во центарот на неговиот живот и еднаш засекогаш да го исфрлите алкохолот? „Во болест и во здравје“, ветивте. А тој сега е болен… Единствениот начин да си помогнете себеси, но и него, е доколку бидете трпеливи, полни со разбирање и секојдневно разговарате најотворено што можете. Охрабрувајте го да се подобри, слушајте го и никогаш, што и да се случи, не осудувајте го. Побарајте помош и заедно справете се со овој проблем. Не дозволувајте тој да ве победи без борба!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар