Што се сади во септември?
Септември е идеалното време за садење и пресадување на зимзелени растенија кои растат во текот на пролетта и летото. Иако садењето може да се направи и во пролетта, најдобро е да го направите во есента, бидејќи тогаш почвата е потопла и растенијата ќе бидат полесно примени.
Во септември можете да засадите божур, бидејќи тоа е најдобриот месец на неговото размножување. Раширете ги корените од божурот, потоа исечете дел од коренот со неколку здрави пупки и засадете во друг сад. Кај грмушкастиот божур, коренот треба да биде покриен со 3 до 5 цм земја. Најдоброто време за садење е средината на септември до октомври. На дното на садот или дупката каде што ќе садите треба да ставите сув слој почва околу 20 цм, потоа црница (почва богата со хумус), ѓубриво и уште еден слој почва. Внимавајте коренот да не дојде во контакт со ѓубривото.
Септември е исто така вистинското време за тревниците. На постарите тревници, косете ја тревата во должина од 2 до 3 цм. Не заборавајте да ги надополнувате голите површини, а потоа да ги оплодите со ѓубрива кои содржат многу фосфор. Кон крајот на септември ставете тенок слој компост на тревникот (50 литри над 20-25м2).
Во текот на септември, погрижете се и за живата ограда и розите, а на крајот на месецот можете да почнете да садите лалиња, зумбули, нарциси за да имате прекрасна градина следната пролет. На местото каде што ќе садите лалиња и зумбули ставете малку песок, а потоа хумусна почва и ѓубрива.
Намалете го наводнувањето на градинарските и на собните растенија затоа што веќе не е премногу топло и има голема количина на влага на воздухот. Пред секое наводнување, проверувајте ја влажноста на почвата.
На крајот на месецот едногодишните градинарски цвеќиња треба да ги отстраните од градината и да ги замените со повеќегодишни растенија како што се анасонот и хризантемата. Септември е време и за повеќегодишните растенија.
Прочитајте и кои 8 растенија не се лесни за одгледување.