Што сака од вас вашето незадоволство?

Што сака од вас вашето незадоволство?

Малкумина може да кажат дека се задоволни со себе и со својот живот. Многу е поголем бројот на оние кои чувствуваат немир и незадоволство, а меѓу нив најбројни се оние кои ја трпат оваа состојба и се обидуваат да се прилагодат на неа. Тие не се обидуваат да ја примат пораката која им ја праќа нивното битие. Кога сте незадоволни, тоа значи дека треба да направите нешто. Најчесто тоа е менување на некој став, отфрлање на некои верувања и започнување некоја духовна пракса. Со внатрешните немир и незадоволство, вашето битие ви вели да се разбудите.

Што сака од вас вашето незадоволство?

Емоционална рамнотежа

Не можете да го отфрлете или потиснете чувството на незадоволство, исто како ни тагата ни болката. Потребно е да го сфатите и да ја примите пораката која ви ја праќаат емоциите. Што е она што не ви дозволува да бидете стабилни и задоволни? Потребно е да ја направите разликата помеѓу нештата кои можете и нештата кои не можете да ги промените. Она на што можете да влијаете се однесува на вашиот внатрешен свет, на вашата сила, храброст и свест за тоа што го сакате. Кога ќе ги соберете вашите способности и ќе ги насочите кон нешто, тогаш ќе се променат и околностите.

Вежба за визуализација: Замислите терезија. На левиот тас се наоѓаат нештата што симболизираат задоволство и исполнетост, а на десната камен кој го претставува незадоволството. Нека терезијата биде во рамнотежа. Кога ќе го постигнете тоа чувство, вдишете длабоко и издишете со чувството на рамнотежа.

Задоволството нека ви служи за ориентација

Можеби сè поминало во најдобар ред, но во себе сè уште чувствувате дека нешто не е како што треба – работата која сте ја завршиле не ви предизвикала чувство на достигнување, стабилниот период во врската не ви влева доверба… Посегнете по вашето незадоволство и искористете го како компас кој ќе ви покаже зошто и понатаму сте вознемирени. Секоја вежба со визуализација, опуштање и дишење го отвора каналот за комуникација со вашето битие, со вашиот внатрешен глас кој едвај чека да соработувате. Верувајте му и барајте од вашето повисоко јас да ви се обрати. Што и да добиете како одговор, каква промена и да чувствувате, прифатете ја бидејќи ве води кон будење.

Ослободете се од лошите односи

Секој од нас носи внатрешна програма која не е дел од нашето битие. Работи кои ни ги наметнале родителите, воспитувањето, опкружувањето, односот со партнерот… Обидите да ги исполните туѓите очекувања често ве фрустрираат и ве прават незадоволни. Најчесто бидејќи работите против себе, вложувате енергија во нешто што се очекува од вас, а во кое не наоѓате задоволство, смисла и исполнетост. Потребно е чувството на незадоволство да го поврзете со личноста која ви ги наметнува нејзините вредности и очекувања. Во вашиот ум прекинете ја таа врска, и тоа на енергетско ниво. Замислете го влијанието на таа личност како енергетска нишка помеѓу вашите тела која ќе ја пресечете со што и да е. Потоа простете ѝ на таа личност, но и себеси, бидејќи никој немал лоша намера. Бидете благодарни што така успешно сте ги примале и завршувале наметнатите задачи. Бидете благодарни за чувството на незадоволство кое ве ослободило.

Прифатете се и бидете свесни за вашата убавина

Физичкиот изглед често може да биде причина за незадоволство. Не сте доволно високи, згодни, немате светли очи или полни усни, косата не ви е доволно густа или права… Но родени сте во тоа тело. Вашата душа го избрала тоа тело како „возило“ за нејзиниот престој на Земјата и извршување на задачите за кои дошла. Имате секаква причина да го почитувате изборот на вашата душа и да го прифатите и сакате вашето тело. Обратете им се на деловите на вашето тело кои ви предизвикуваат незадоволство и слушајте. Можеби ќе дознаете дека ви се потребни широките колкови за да ја одржете стабилноста додека ги носите животните тешкотии. Или пак имате стомаче бидејќи вашето тело ги штити болните сеќавања што ги носите внатре. Можеби ќе дознаете дека ви е потребен посебен вид движење или вежбање, промена на начинот на исхрана, или пак соочување со потиснатите стравови и емотивни повреди. Станете свесни колку е вашето тело прилагодено на вашите лични потреби. Почувствувајте љубов и благодарност кон него и погледнете ја убавината што ја гледаат сите кои ве сакаат.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека ви е потребна промена во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар