Што пропуштате да направите кога ја сушите косата со фен?

Што пропуштате да направите кога ја сушите косата со фен?

Постојат големи шанси дека вашата рутина за сушење на косата е следнава: Исушете ја што побрзо и излезете. Но, има еден дел кој веројатно го заборавате и кој може драстично да го подобри изгледот на вашата коса и квалитетот на влакната, како и да го спречи делењето и оштетувањето на врвовите. Во продолжение прочитајте за што станува збор и зошто е важно да ги потрошите тие дополнителни 30 секунди.

Што пропуштате да направите кога ја сушите косата со фен?

Што треба да направите: Исушете ја косата како што го правите тоа вообичаено. Во оној момент кога ќе забележите дека косата е околу 90% сува, префрлете се на опцијата за сушење со ладен воздух и така досушете ја. За да имате повеќе волумен на темето, подигнете неколку прамени коса од тој дел и насочете го ладниот воздух кон корените.

Како функционира: Топлиот воздух го забрзува процесот на сушење на влакната и ви овозможува да дадете која било форма на косата која што ја посакувате, независно дали е права, виткана, раздвижена или префрлена наназад. Ладниот воздух пак од друга страна, ги затвора кутикулите од косата и на тој начин го зацврстува избраниот изглед и додава дополнителен сјај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар