Што претставуваат адитивите и какво е нивното влијание врз здравјето?
Дали имате чувство дека сте уморни, уживате во попладневната дремка и потребно ви е многу кафе со цел успешно да го поминете денот? Дали целото слободно време го минувате пред телевизор и немате енергија за ништо? Сето ова се знаци дека ви недостига енергија, а главниот виновник најчесто е неправилната исхрана.
Причината за добро познатото чувство на исцрпеност се крие во адитивите, еден вид состојки кои се наоѓаат во речиси сите продукти што ги консумираме.
Покрај калциумот, фосфорот е еден од најзастапените минерали во нашето тело и тој е договорен за одржување на рН вредноста и хормоналната рамнотежа. Но вишокот фосфати може да му штети на организмот, а најмногу се наоѓа во намирници како јајца, месо, млечни производи, житарици, јаткасти плодови и чоколадо. Сепак, овие природни фосфати во храната не се многу штетни и се заслужни за пренесување на енергијата и учествуваат во многу метаболички процеси. Од друга страна, неорганските фосфати се адитиви кои се употребуваат во храната и пијалаците и можат да му наштетат на здравјето.
Неорганските фосфати се наоѓаат во 70% од преработените продукти, па од голема важност е да обрнете внимание на она што го јадете. Овие адитиви се додаваат за подобрување на вкусот и продолжување на рокот на траење. Најчесто се наоѓаат во готова, конзервирана храна, преработени месни производи и сокови.
Прекумерното внесување храна богата со адитиви предизвикува намалена желба за движење и дополнително ви ја намалува енергијата. Адитивите можат да нанесат голема штета на целиот организам, а најмногу на бубрезите.
За да се заштитите од штетниот ефект на адитивите, најдобро е да ги избегнувате овие намирници:
- Конзервирана храна
- Преработени месни производи
- Газирани пијалаци
- Житарици
- Грицки
Доколку чувствувате голема потреба за енергија, обидете се главните намирници во исхраната да ги направите овошјето и зеленчукот. Ова е храна што ќе ви помогне успешно да ги завршите дневните обврски и да се чувствувате здрави и полни со енергија.
Дознајте и дали мононатриевиот глутамат е безопасен адитив.