Што претставува микро-изневерувањето?

Што претставува микро-изневерувањето?

Можеби вие и вашиот колега имате некоја заедничка љубов, како на пример телевизиска серија. Конечно сте пронашле некој со кого можете со часови да разговарате за тоа. И додека вие мислите дека разговорите до доцна во ноќта не значат ништо, можеби ќе добиете предупредување од пријателките дека сепак станува збор за микро-изневерување.

Што претставува микро-изневерувањето?

Што всушност значи микро-изневерување?

Како што кажува самото име, микро-изневерувањето вклучува разни мали постапки преку кои личноста можеби не е експлицитно неверна. Сепак, таа физички или емоционално се фокусира на некој надвор од врската. Што всушност спаѓа во оваа категорија, останува отворено за дебатирање.

Што спаѓа во оваа категорија?

Лажење за тоа дали сте во врска, запишување нечиј број со лажно име, пишување пораки со некој без да знае вашиот партнер, сето ова спаѓа во микро-изневерување. Некои луѓе дури сметаат дека и допаѓањето на туѓи фотографии може да спаѓа во оваа категорија, како и исповедувањето. Проблемот е што некои од овие однесувања навистина не се во ред, додека други се сосем нормални и сите ги прават.

Дали е во ред да се изневерува на овој начин?

На некој начин да. Само затоа што сте во среќна и здрава врска со некого, не значи дека нема да почувствувате привлечност кон некој друг. Оваа привлечност не е секогаш лоша. Вистината е дека голем дел од однесувањата што спаѓаат во оваа категорија, како гледање на некоја атрактивна личност, воопшто не укажуваат на проблеми во врската. Но кога ова се смета за изневерување, од партнерот барате да не обрнува внимание на никого освен вам. Оваа посесивност е нездрав и нереален пристап кон љубовта. Покрај тоа, формирањето на блиски врски со други луѓе освен со вашиот партнер е добро за вашето здравје.

Кога не е во ред?

Кога станува збор за врските, секој си има свое мислење за тоа што е прифатливо, а што не. Ако вашето однесување со друга личност има лошо влијание на врската, можеби треба да размислите за вашите постапки.

Ако сте загрижени за однесувањето на партнерот, разговарајте со него и поставете некои граници. Важи и обратното. Сепак, во врските најважна е отворената комуникација.

Погледнете ги знаците кои покажуваат дека сте блиску до изневерување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар