Претходно
Што после свадбата: Кои се добрите, а кои лошите нешта во првата година од бракот?
Датум: 06 сеп 2015
Коментари: 0
Велат дека во првата година од бракот многу нешта се менуваат и секој пар има различно искуство. Првата година од бракот е исполнета со многу изненадувања – некои добри, некои лоши и кога ќе помине, тогаш ќе ги разберете сите нешта кои вашите пријатели и вашата фамилија сакале да ви ги кажат.
Добри нешта
- Секогаш имате рамо за плачење кое ќе ве сослуша и на кое можете да се потпрете после тежок ден на работа.
- Ако двајцата си ги сакате пријателите и фамилијата на другиот, тогаш вашиот социјален круг постојано ќе расте. Исто така, тоа е одличен начин да ги споите обете фамилии и пријателите.
- Иако сте биле долги години во врска, сепак учите нови нешта за личноста со која сте во брак.
- Во првите години од бракот, ако немате деца имате повеќе приходи кои можете да ги потрошите онака како што сакате.
- Можете да се забавувате дома на разни начини. Ете начин да го исчистите домот, а сепак да се забавувате заедно.
- Ги делите домашните обврски.
- Обрнувате повеќе внимание на вашата иднина и однапред правите планови за годините што следат.
Лоши нешта
- Трошите двојно повеќе пари на родендени и празници затоа што одите и кај вашите, но и кај неговите/нејзините роднини и пријатели.
- Треба да се откажете од некои домашни традиции за да ги прифатите неговите/нејзините.
- Треба да се консултирате со партнерот за сите финансиски прашања, иако со години сте биле одговорни за вашите сопствени финансии.
- Не се грижите само за вашето здравје туку и за она на партнерот. Кога тој/таа е болен/на вашиот живот се превртува наопаку, а истото важи за родителите, а и за браќата и сестрите.
- Кога ја планирате иднината тоа значи дека треба да штедите пари, а ако двајцата имате скапи хобија компромисот ќе ви е и повеќе од потребен.
- Двојно повеќе алишта за перење. Двојно повеќе ѓубре. Двојно поголем хаос.