Што открива изборот на бурмите за вас и за вашиот партнер како љубовен пар?
Бурмите се повеќе од прстени. Бурмите се симбол. Симбол на љубов, симбол на заедништво, симбол на нов и многу поубав живот во кој зачекорувате откако двајцата ќе го изговорите судбоносното „Да“. Можеби вие веќе сте се навикнале на прстените, бидејќи ги носите постојано, од кога знаете за себе, но вашиот партнер сигурно не е, а подготвеноста да го стори тоа поради вас, да ја смени оваа навика, ѝ дава уште едно значење на бурмата.
За него овој прстен ќе биде првиот и единствениот кој ќе го носи, додека вие сите ваши аксесоари кои сте ги носеле целиот живот со задоволство ќе ги замените за овој еден, вечен прстен со посебно значење. Бурмите без зборови говорат за вашата љубов, сведочат за нешто големо и посебно, а верувале или не, моделот кој го избирате открива каков пар сте вие и вашиот партнер.
1. Големи бурми, со дискретни детали
Штом ги здогледавте – знаевте дека се создадени за вас! Во суштина, тие се едноставни, а сепак посебни и впечатливи. Едноставно се издвојуваат од останатите, а нивниот груб, силен дизајн дава совршена доза на суптилност и романтичност. Да, ги избравте бурмите според вашата љубовна врска – вие сте силен и складен пар, сте поминале толку многу работи заедно и сигурни сте во вашата одлука да останете засекогаш заедно. Вие со леснотија ги решавате сите предизвици, а вашите посебни, деликатни чувства внимателно ги чувате и ги негувате. Тој е тука за да ве заштити, на него секогаш можете да се потпрете, а вие во неговиот живот внесувате онолку љубов, внимание и нежност колку што му е потребно. Вие совршено се надополнувате!
2. Едноставни, тенки бурми
Ако веднаш сте избрале тенки, едноставни бурми, потполно „чиста“ за него, а украсена со суптилни циркони за вас, тоа значи дека како пар сте исти како и вашите бурми – едноставни. Но, не во некоја лоша смисла. Едноставно, вам ви е потребно многу малку за среќа, доволни сте си еден на друг. Среќата ја барате во ситниците, во секојдневните работи кои ги правите заедно. За вас не постои проблем – постојат само разговори со кои ги решавате сите недоразбирања. Уживате во животот и вие сте вистински хедонисти. Не давате внимание на материјалните работи и многу повеќе ги цените спомените, патувањата и сите слатки авантури кои сте ги поминале заедно. Улогите во вашата врска се поделени, но се обидувате да бидете оригинални и никако традиционални и монотони.
3. Бурми со необичен, впечатлив облик
Ако вашите бурми немаат класичен и веќе виден облик, вие сте оној пар кој е невозможно да не го забележат на улица. Сепак, не затоа што се однесувате впечатливо или непримерно во јавноста, туку затоа што сте шармантни, ускладени, а вашата љубов зрачи. Вие сте оној пар кој луѓето може само да го сакаат, пар кој со задоволство е поканет на сите прослави, пар од чија љубов сите се разнежуваат и се воодушевуваат, бидејќи вие едноставно сте сродни души. Не постои подобар спој од вас двајца. Другите парови ви завидуваат. Вие пред сѐ сте најдобри пријатели, најголема поддршка еден на друг, а сето тоа е „зачинето“ со силна и моќна љубов која е вечна.
4. Смели бурми од комбинација на различни бои злато
Бурмите кои се смели и поразлични, никако веќе видени и класични, кои дури комбинираат и различни метали покажуваат дека сте модерен пар кој сака да биде поразличен, да се истакнува и да поставува модни трендови. Обожавате во сѐ да бидете први и иновативни, поради што многу парови се огледуваат на вас. Вашата врска е полна со гламур, вие го сакате луксузот и често замислувате дека се наоѓате на црвениот тепих, исто како вашите омилени славни парови. Сепак, зад блескавата надворешност која би можела да се карактеризира како површна, се крие пар кој навистина се сака и се почитува и кој е подготвен едниот да го следи другиот до крајот на светот.
5. Класични бурми со романтични детали
Ако не сакате да експериментирате со изборот на бурми и попрво би избрале класични бурми кои евентуално имаат суптилен, романтичен детаљ, тоа значи дека сте, кога станува збор за некои вредности, прилично традиционални и ригидни. Всушност, вам многу поважно ви е значењето на бурмите, отколку тие да изгледаат и да се сфаќаат како аксесоар. Двајцата сте прилично скромни, знаете што ви е навистина важно во животот и не давате значење на материјалното, а особено не на она што другите ќе го кажат. Живеете во ваш свет, исполнет со среќа, романтика, уживање и вистинска љубов, а тоа ви е најважно. Како пар сте силни и нескршливи, а вашата љубов е како бајка со среќен крај.
Симбол на вечна љубов: Како порано изгледале бурмите и зошто се носеле?