Што не смеете да јадете додека возите?
Сте размислиле ли некогаш колку е опасно да отворите чоколатце додека возите? Докажано е дека 80% од сообраќајките се случуваат баш поради оваа причина.
Според светските осигурителни компании, навистина постои храна која ве дефокусира од возењето. Погледнете ја листата и размислете што ќе грицкате нареден пат додека возите.
Кафе – Не се препорачува да пиете кафе додека возите, заради опасноста да го истурите во скутот и притоа да се изгорите.
Топла супа – Супата е чест избор за брз и хранлив оброк, но во никој случај не смее да се консумира додека се вози.
Тако – Оваа вкусна мексиканска тортиља е докажано дека го одзема вниманието при возењето.
Хот-дог – Овој сендвич е опасен заради истите причини како такото. Двете јадења се неуредни кога се подготвуваат и тоа е причина за одземање на вниманието.
Хамбургер – Хамбургерите се едни од најопасните јадења кои не смеете да ги јадете додека возите. Јадејќи го сендвичот, вашите раце ќе се измрсат и мрснотијата веднаш ќе ја пренесете на воланот. Ова може да резултира со лизгање на рацете додека возите.
Пилешки крилца – Да, некои луѓе го јадат и ова зад воланот. Една и најважна причина поради која не е препорачливо да се јадат е заради лижењето на прстите по секое изедено пржено пилешко крилце.
Сок – Исто како и кафето, може да се истури.
Чоколадо – Тоа се топи на вашите прсти секој пат кога земате коцка, а вие упорно ќе сакате да ги исчистите прстите за да можете да возите.
Крофни – Научно е докажано дека кога јадеме крофна, погледот задолжително ни паѓа на преливот кој се растекува по неа.
Нема врска, јас многу пати имам јадено хамбургер додека сум возел, и никогаш ништо лошо се нема случено. Понекогаш знам и пицве да си отворам 🙂
Како може да јадете позади волан,****** ****. Воланот е по прљав и од веце шоља, кај и да одите што и да фаќате никогаш не ги миете рацете пред да го фатите воланот, таму има највеќе бактерии.