Што навистина значи утринската порака?

Што навистина значи утринската порака?

„Добро утро, убавице.“ Навистина е едноставно. Само неколку зборови. Но овие зборови покажуваат дека вие сте првата личност со која некој сака да разговара во денот.

Што навистина значи утринската порака?

Овие зборови покажуваат дека некој сака да биде првото нешто што ќе го видите кога ќе ги отворите очите. Овие зборови покажуваат дека вие сте првата личност на која помислил некој кога се разбудил.

Таа личност иако не е до вас, сака да биде таму. Тоа е комплимент кој ќе измами насмевка на вашето лице.

Тоа е нештото кое таа го очекува кога легнува да спие, а вие сте биле во нејзините мисли. На овој начин му кажувате некого дека сакате денот да му почне добро, дури и ако не биде целиот таков.

Тоа е повеќе од порака за добро утро. Тоа е начин да покажете дека некој ви значи.

Лесно е да се зафатиме со нашите животи. Лесно е да го започнеме денот и да ги тргнеме настрана дури и најсаканите личности.

Но утринската порака покажува мал труд. Мал труд кој значи многу.

Утринската порака едноставно е нечиј избор. Тоа е одлука. Утринската порака кажува „Јас те одбирам тебе“.

Погледнете ги и овие прекрасни пораки што можете да ѝ ги испратите на саканата личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар