Што навистина значи љубовта кон себе?

Што навистина значи љубовта кон себе?

Љубовта, односно грижата кон себе, не значи постојано да си го дозволувате секое задоволство. Понекогаш за ваше добро неопходно е да одложите некои работи.

Што навистина значи љубовта кон себе?

Размислете за децата. Сигурно на вашето дете, кое навистина го сакате, нема да му дозволите да јаде слатки пред ручекот или да почне со учење вечерта пред тестот. Ќе се обидувате да го насочите на вистинскиот пат со нежна дисциплина.

Како возрасни знаеме дека ваквите навики нe водат до здрав, продуктивен и исполнет живот. Поради вашата љубов кон детето, вие се обидувате да го промените, поправите или пренасочите ваквото негово однесување.

За неговиот развој, на детето му се неопходни љубов, топлина, поддршка и разбирање. Но овде спаѓаат и дисциплината и поставувањето граници. Работите не се поразлични и кога станува збор за грижата што си ја пружите себеси.

Па следен пат кога ќе ви биде тешко да станете рано за да одите во теретана или кога едвај се одделувате од чипсот или кога неволно го исклучувате Фејсбук за да продолжите со работа или учење, потсетете се на љубовта и на грижата кон себе. Во овие моменти кога ќе ве преплави чувството на неудобност, фрустрација и желба за одолговлекување или доспивање, сетете се дека со самодисциплината не само што не се малтретирате, туку си докажувате дека се сакате.

На глас кажете: „Јас не се мачам себеси. Всушност, на овој начин се сакам.“

Со овој увид и оваа мала мантра која можете да си ја повторувате, самодисциплината ќе стане барем малку полесна. Само на овој начин ќе си покажете дека навистина се сакате и се грижите за себе.

Погледнете ги и советите што ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар