Забранети нешта што бремените жени слободно можат да ги прават - Part 2

Забранети нешта што бремените жени слободно можат да ги прават

6. Бремените жени не смеат да пијат алкохол

Што навистина смеат и не смеат да прават бремените жени?

Едно истражување од Универзитетот во Бристол докажало дека речиси и да нема докази дека 1-2 чаши неделно му штетат на нероденото дете. Иако лекарите ги предупредуваат жените да се држат настрана од алкохолот во текот на бременоста, сосема е во ред да испиете една чаша доколку сте на некој настан или навистина чувствувате потреба.

7. Бремените жени не смеат да пијат кафе

Што навистина смеат и не смеат да прават бремените жени?

Не е опасно кафето, туку кофеинот кој се наоѓа во него, како и во чаевите, газираните пијалаци и слично. Истражувањата покажале дека зголеменото консумирање кофеин може да му наштети на фетусот. Друго истражување не нашло ниту еден доказ што го поддржува мислењето дека пиењето кафе или чај предизвикува проблеми. Па ако навистина имате желба, можете одвреме-навреме да се напиете шолја кафе. Ако пиете многу кафе, подобро одберете безкофеинско.

8. Бремените жени не треба да вежбаат

Што навистина смеат и не смеат да прават бремените жени?

Овој мит е популарен многу одамна, но е вистинит само ако имате абнормална бременост и сериозни здравствени проблеми. Едно истражување покажало дека вежбањето во текот на бременоста има позитивен ефект и на мајката и на детето. Безбедни за бремените жени се аеробик, истегнување, јога и слично. Професионалните атлети можат да продолжат со тренирање, но со намален интензитет.

9. Бремените жени не треба да јадат благо

Што навистина смеат и не смеат да прават бремените жени?

Може да се каже дека јадењето премногу шеќер не е добро за никого, но тоа може да има уште посилен ефект кај бремените жени. Најдобро е да имате урамнотежена исхрана и да го ограничите внесувањето шеќер. Сепак, ова не значи дека никогаш не смеете да изедете чоколадо или парче торта.

10. Бремените жени не треба да јадат морска храна

Што навистина смеат и не смеат да прават бремените жени?

Безбедно е да се јаде риба во текот на бременоста. Има многу витамини, минерали, како и омега 3 масни киселини. Главното правило е да избегнувате ајкула, сабјарка и туна поради високото количество жива. Едно истражување покажало дека умереното ниво на жива во текот на бременоста не е поврзано со здравствени проблеми.

Не заборавајте дека вашиот лекар знае што е најдобро за вас. Пред да донесете каква било одлука или да направите промена, секогаш консултирајте се со него за да добиете професионален совет.

Погледнете и што всушност треба да јадете во текот на бременоста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар