Што навистина ни треба?

Што навистина ни треба?

Што навистина ви треба за да живеете среќен и исполнет живот, а тоа да не се сликите со кои сте преплавени преку медиумите? Што на наједноставен и најдлабок начин ви е потребно за да бидете целосно среќни? Тоа е прашањето што нè мачи сите – Што навистина е потребно?

Дали се тоа работите што ги имате дома: уредите, апаратите, мебелот или спомените кои го исполнуваат вашиот живот? Поставете си едноставно прашање – Што ми помага да имам среќен и исполнет живот? Дали е тоа работата, пријателите, партнерот? Ако во листата има нешта кои не ве прават среќни, ослободете се од нив.

Што навистина ни треба?

Еве што велат стручните лица за тоа што е потребно за среќа.

1. Грижете се за другите

Кога ќе изберете да живеете несебично и ќе го посветите вашето време за да го направите светот подобар за луѓето што ги сакате, вашиот живот се подобрува. Џорџ Ваилант, американски психијатар и професор на Харвард е уредник на една од најпознатите студии за среќата. Во студијата е мерена животната среќа на 237 студенти од Харвард во одреден временски период. Во неа тој заклучува дека: „Единственото нешто што навистина е важно во животот се вашите релации со другите луѓе.“ Кога ќе размислите за тоа, сфаќате дека оваа изјава е вистинита. Вие градите силни односи правејќи работи за другите, не очекувајќи ништо за возврат.

2. Трошете го вашето време мудро

Времето е највредното нешто што го имате на овој свет, затоа третирајте го како такво. Една студија за истражување вели дека балансирањето на слободното време е еден од клучните начини да бидете вистински среќни. Луѓето најмногу жалат за нештата што не ги направиле и велат:

  • Посакувам да имав храброст да го живеам животот онака како што сакав, а не како што очекуваа другите од мене.
  • Посакувам да не работев толку напорно.
  • Посакувам да имав храброст да ги изразам своите чувства.
  • Посакувам да останев во контакт со моите пријатели.
  • Посакувам да си дозволев да бидам посреќен/на.
  • Главната порака е јасна: фокусирајте го вашето време и енергија на работи што го подобруваат вашиот живот и животите на оние што ги сакате.

3. Избирајте паметни разговори, а не озборување

Според истражувањето, друга работа што ви треба за да бидете среќни се важните разговори. Истражувачите откриле дека најсреќните луѓе поминуваат помалку време сами, а повеќе време во разговор. Значи, дури и ако сте интроверт и не сакате да трошите време за дружење, можеби ќе се предомислите и ќе излезете од вашата зона на удобност за да поразговарате со некого. Ова ќе ви помогне да го откриете значењето на работите што ви се најважни.

4. Грижете се за вашето здравје

Општо е познато дека вежбањето е добро за здравјето, но е исто така клучно и за вашата среќа. Една студија од 2012 год. открива дека луѓето што вежбаат се посреќни од другите. Вежбањето не само што ќе ви помогне да изгледате добро, тоа ќе придонесе и да се чувствувате добро. Ако сакате да ги зголемите вашите шанси за долг и среќен живот тогаш почнете да вежбате и да се храните здраво уште денеска.

5. Изразете ја вашата благодарност

Се соочуваме со голем општествен проблем. Создадовме генерација на луѓе кои мислат дека ако не се збогатат брзо, ништо не направиле во животот. Оваа нова генерација сака итно задоволување на потребите за пари, внимание, моќ. И, не се само младите тие што се соочуваат со ваков проблем. Луѓето сега живеат во свет на инстантни награди. Ова е причината зошто една од најважните работи што треба да ја разберете е следната: За некои „награди“ треба многу повеќе време отколку што планирате, а понекогаш и не го добивате она што го сакате. Тоа е животот. Неуспехот и страдањето се неопходни за раст. Бидете подготвени да вложите неколку недели, месеци и години на работа за да го добиете она што го сакате. Наградите ќе бидат многу послатки на крајот.

Ви треба дополнителна инспирација за да почнете да го живеете животот што ви е потребен? Прочитајте зошто за среќа е потребно малку.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар