Што најмногу ги возбудува мажите?

Што најмногу ги возбудува мажите?

Автор: Елена Тарчуговска

Професионалец на работното место, комуникативна во друштво, домаќинка во кујна, пријател во дневната соба и енергична во кревет е совршената жена во очите на секој маж. Ова последново особено ги заматува мислите кај многу припаднички на понежниот пол. Сепак, фантазиите во машката глава се бескрајни, па оттука жените стравуваат дека не можат соодветно да ги реализираат или запаѓаат во очај дека не се доволно добри во сексот.

Што најмногу ги возбудува мажите?

Но бидете спокојни, бидејќи не е сè толку комплицирано колку што вам ви изгледа. Мажите пред сè сакаат жена која ужива за време на сексот и јасно го дава тоа до знаење. Доколку мислите дека треба да бидете гимнастичарка за да ги задоволите неговите желби, ве уверуваме дека живеете во заблуда. Ви ги откриваме слатките „тајни“ на мажите и што е она што најмногу ги возбудува. Ќе заклучите дека нивната реализација не само што не е тешка, туку истовремено може да биде забавна, опуштена и секси.

Секс наутро

По утрото се познава денот. Направете да започне весело и сплотено. Мажите го обожуваат сексот пред да заминат на работа, па затоа искористете го ваквиот податок. Изненадете го вашиот партнер со тоа што ќе го разбудите расположени за фантастична игра под чаршафите и заедничко уживање.

Масажа

Масажата е една од омилените предигри на припадниците на посилниот пол. Купете масло за масирање и започнете со масажата. Обрнете внимание на вратот, рамената и грбот и бидете нежни и заводливи. Потоа легнете вие на грб и заменете си ги улогите. Ви ветуваме одлична забава.

Орален секс

Оралниот секс е билетот кон рајот. Мажите го сакаат дотолку што лишувањето од него би можеле да го разберат и како мотив за измама. Не сакаме да ве заплашиме, но доколку сè уште не сте се обиделе, време е да го направите тоа и пријатно да го изненадите и вашиот партнер и себеси. Техниките лесно се совладуваат. Најважно е да бидете страсни и заводливи за време на чинот.

Секси облека

Голем дел од жените мислат дека мажите не обрнуваат големо внимание на долната облека, но факт е дека нив дополнително ги возбудуваат парчињата кои ги прекриваат „скокотливите“ делови на женското тело. Ви порачуваме секси и заводлива тантела, а во однос на бојата, црвената и црната би биле најсигурен избор. Дополнително, проверете што кажувате со изборот на бојата.

Лошата учителка

Сексот е забава. Забавувајте се и бидете креативни. Бидете учителка, докторка, стјуардеса, готвачка… Ваквите игри ќе ве насмеат и ќе ве опуштат за време на сексот. Бидете иницијатор и започнете ја играта, ќе ве сака бесконечно.

Негувана кожа и пријатен мирис

Колку и да ви изгледа чудно, ова навистина дополнително го возбудува мажот. Кожата што е нежна и пријатна на допир ја истакнува женственоста, а нејзината пријатна миризба делува како афродизијак врз машките сетила за мирис и вкус. Не дозволувајте да се запуштите во текот на врската или брачниот живот. Купувајте креми за нега на кожата и дадете му до знаење дека секогаш ќе се трудите да бидете убава за неговите очи и нежна за неговиот допир.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар