Што можете да научите од загубата на добар пријател?
Губењето пријател носи исто толку болка како кога ја губите љубовта на вашиот живот. Една од најболните работи кои може да ја скршат вашата личност на илјада парчиња е да изгубите некој кој некогаш за вас бил целиот свет, некој на кој сте можеле да се потпрете, а сега повеќе не можете да си размените ниту еден збор. Без разлика колку сакате да трае некое пријателство, понекогаш доаѓа неговиот крај.
Губењето на пријателите во текот на животот може да биде болно искуство. Побарајте индиректно прошка од нив ако некогаш сте ги навределе или сте направиле да се почувствуваат тажни. Побарајте да ви простат за болката која била предизвикана, зашто сигурно тие ви значат вам, но и вие ним. Извинете им се и на оние пријатели кои сте ги напуштиле и побарајте да ви простат за сите ваши недостатоци. Обидете се да најдете време и простор и да им објасните зошто сте заминале и сте го одбрале патот каде што тие повеќе нема да бидат со вас.
И покрај тоа и за двете страни постојат вредни работи кои сте ги научиле во животот и моменти кои никогаш нема да ги заборавите. Побарајте објаснување и од оние пријатели кои си заминале без причина од вашиот живот. Простете им за напуштањето, не за нив, туку за себеси, затоа што заслужувате да живеете во мир и хармонија. Од ова научете ја лекцијата дека никогаш не треба да оставате некого без притоа да му ја објасните причината за тоа. Никогаш не треба да ги оставите вашите пријатели да се прашуваат што е она што го направиле погрешно. Никој не го заслужува ова.
Дури и луѓето кои ги сакате и ги губите во текот на вашиот животен пат, сѐ уште кријат еден вид убавина во себе. Некои можеби се оттргнале од вас на неубав начин, додека пак други направиле да се сомневате во себе. Некои можеби исчезнале без причина или пак ви станале странци со текот на времето. Секој од овие личности ви нуди незаборавни лекции: Како да избирате луѓе кои ќе ве сакаат и ќе ги сакате на подобар и поискрен начин. Кој е вистински пријател и кој ќе остане покрај вас без разлика на сѐ. Како да сакате подобро. Како да им простите на луѓето кои ви предизвикале болка.
Оние пријатели кои привремено се во вашиот живот се исто толку значајни како и оние кои остануваат засекогаш покрај вас. Тие ве учат повеќе да ги цените оние кои остануваат во вашиот живот. Секој среќен спомен, без разлика со која личност е доживеан, е вреден и заслужува да го негувате!