Што може да им се случи на децата ако спијат со отворена уста?

Што може да им се случи на децата ако спијат со отворена уста?

Моментите кога го набљудувате животот на вашите деца се бесценети, без разлика дали лазат, јадат, ги прават своите први чекори или спијат. На некои родители им е слатко кога нивните малечки спијат мирно со отворена уста. Сепак, дишењето преку уста кај децата не е толку слатко како што може да изгледа на прв поглед. Всушност, тоа може да укаже на одредени проблеми или да предизвика сериозни здравствени проблеми. Во продолжение прочитајте што може да им се случи на децата ако спијат со отворена уста.

Дишењето преку уста додека спиете не е вообичаено

Што може да им се случи на децата ако спијат со отворена уста?

Ние сме природно создадени да дишеме преку нос и има низа причини за тоа. Еве само неколку витални работи што дишењето преку нос ги прави за нашето здравје:

  • Носот го филтрира воздухот што го дишеме чистејќи го од токсини и честички. Покрај тоа, воздухот се навлажнува во носната шуплина.
  • Носот го загрева воздухот така што неговата температура станува погодна за нашите бели дробови.
  • Носот ни помага да го помирисаме светот околу нас.

Иако понекогаш е нормално да дишеме преку уста, на пример, кога зборуваме или се занимаваме со физичка активност, ние сме создадени да дишеме преку нос поголемиот дел од времето.

Што може да им се случи на децата ако спијат со отворена уста?

Постојат многу медицински проблеми кои може да го натераат детето да дише преку уста. Тоа може да биде назална конгестија (предизвикана од алергии, синузитис или други проблеми), воспаление или различни видови опструкции, како што се полипи. Некои луѓе го развиваат дишењето преку уста како навика уште во детството.

Ако вашето дете е навикнато да спие со отворена уста, има причина да се грижите. Во продолжение ќе прочитате кои здравствени проблеми може да бидат предизвикани од дишењето преку уста.

Апнеа при спиење

Што може да им се случи на децата ако спијат со отворена уста?

Според лекарите, дишењето со уста може да предизвика појава на апнеа при спиење или влошување на апнеата при спиење, ако лицето веќе ја има и ова е една од најсериозните здравствени последици од оваа навика.

Спиечката апнеа е нарушување на спиењето што се јавува кога дишењето одеднаш престанува, а потоа започнува повторно. Симптомите на апнеа вклучуваат ненадејно запирање на дишењето за време на спиењето, силно грчење, будење со сува уста, несоница и замор. Спиечката апнеа е опасна сама по себе, а згора на тоа, може да предизвика други здравствени проблеми, како заболувања на срцето и на црниот дроб и нарушување на метаболизмот.

Сликата погоре ја илустрира опструктивната апнеа, вид апнеа што настанува кога мускулите на грлото се опуштаат и не му дозволуваат на воздухот да помине низ соодветните патишта.

Сува уста и кариес

Што може да им се случи на децата ако спијат со отворена уста?

Кога дишете преку устата, протокот на воздух ги суши усните и целата уста, вклучувајќи ги и непцата. Како резултат на тоа, настануваат промени во бактериите кои природно живеат во устата, што може да предизвика расипување на забите и проблеми со непцата.

Проблеми со забите и со вилицата

Што може да им се случи на децата ако спијат со отворена уста?

Навиката да се користи устата наместо носот за дишење носи цел куп проблеми со забите и со вилицата. Искривени заби, лош загриз и малкоклузија се само некои од нив.

Дишењето преку уста и неправилната положба на јазикот можат да влијаат на загризот, да ги искриват забите и да ја поместат вилицата назад. Како резултат на тоа, лицето се развива неправилно, предизвикувајќи брадата да изгледа помала, а носот поголем.

Долго и тесно лице

Што може да им се случи на децата ако спијат со отворена уста?

Според истражувањата, дишење преку уста и ниската поставеност на јазикот го прават долниот дел на лицето подолг. Овие карактеристики се доста истакнати кај децата по 5-годишна возраст. Освен издолжената долна половина на лицето, дишењето преку уста може да доведе до т.н. конвексно лице со мала брада и спуштено чело.

Ако забележите дека вашето дете дише преку уста или има какви било други проблеми со дишењето, одете на доктор колку што е можно побрзо. Само лекарите можат да постават дијагноза и да ви ги дадат потребните медицински упатства.

Прочитајте на која возраст треба децата да започнат да помагаат во домашните обврски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар