Што може да ѝ се случи на вашата кожа ако го миете лицето само еднаш на ден?
Селма Хајек верува дека тајната на нејзината беспрекорна кожа е тоа што никогаш да не ја мие наутро. Оваа 54-годишна актерка вели дека по квалитетниот сон, вашата кожа има совршен pH-баланс и треба само да го исплакнете лицето и да нанесете малку крем. Кога индустријата за убавина произведува производи за нега на кожата за апсолутно секој вид кожа, прилично е изненадувачки што враќањето чекор наназад и ресетирањето на вашата рутина за убавина може да донесе такви неверојатни резултати. Кога станува збор за грижата за вашата кожа, помалку е повеќе, а во продолжение прочитајте кои се придобивките од рутината за убавина на Селма Хајек.
1. Вашата кожа може да биде помалку мрсна
Миењето на лицето премногу често ќе ги отстрани есенцијални масла кои ја задржуваат водата во вашата кожа одржувајќи ја хидрирана. Ако на вашата кожа ѝ недостасува вода, таа ќе произведе повеќе себум за да се обиде да ја задржи преостанатата влажност. Користењето средства за чистење со груби состојки ќе ги натера вашите жлезди да лачат повеќе масло и ќе ја направат вашата кожа помрсна.
2. Може да спречи предвремено стареење на кожата
Иако кожата по чистењето или пилингот веднаш изгледа подобро, овој ефект е привремен. Во реалноста, кога премногу го миете лицето, ги отстранувате мртвите клетки од кожата што ја сочинуваат вашата заштитна бариера на кожата. Без овој заштитен слој, вашата кожа е почувствителна и подложна на појава на предвремени брчки.
3. Ја заштитува вашата кожа од влијанието на надворешните фактори
Последниот слој на вашата кожа е единствениот кој е подготвен да се соочи со сите можни штети од надворешната средина затоа што повеќето клетки таму се мртви или умираат. Кога нема надворешна заштита со стари клетки, вашата кожа е „гола“ и е изложена на загадувањето и на надворешните токсини.
4. Вашата кожа ќе биде повлажна
Иако е вистина дека чистењето на лицето ги елиминира нечистотиите и е суштински чекор во вашата рутина за нега на кожата, ако го правите тоа премногу често, вашата кожа ќе биде премногу сува. Кога наутро само ќе ја исплакнете кожата со вода, таа нема да ги изгуби потребните природни масла кои ја одржуваат здрава и хидрирана.
5. Ќе имате помалку акни
Честото миење на лицето ќе ја наруши здравата кисела рамнотежа на вашата кожа и може да доведе до иритација и црвенило. Исто така, ќе се распадне горниот слој на кожата и ќе им дозволи на бактериите да навлезат во вашата кожа бидејќи таа веќе не може да се заштити. Тоа може да доведе до појава на воспаленија, а тоа ќе предизвика појава на повеќе акни.
Прочитајте како да го избегнете ефектот на испукана пудра на кожата.