Што мислат мажите за бојата на вашиот кармин?

Што мислат мажите за бојата на вашиот кармин?

Каков кармин користите? „Жежок“ ретро црвен или заслепувачки розов? Или пак можеби користите динамичен светкав сјај, па некој може да си ја види сопствената рефлексија во вашите усни? Доколку сакате да експериментирате со разни бои на кармин, пред да ја наполните вашата торбичка за шминка со нови бои, земете ги предвид советите на Мет Бин, еден од уредниците на американскиот магазин за мажи „Men’s health“, во врска со машката перцепција за разните нијанси кои ги красат женските усни.Што мажите мислат за бојата на вашиот кармин?

Класичнa црвенa


„Тоа е боја која вели: „погледни ме“ или „сакам да привлечам внимание“. Ако сте излезени во некој бар со другарките, со кармин во оваа боја дефинитивно ќе го уловите погледот на мажите. Ако сте на состанок со вашиот сопруг, тоа кажува дека сакате да ги „зачините“ работите помеѓу вас. Од друга страна, не можете да бакнете девојка со светло црвен кармин, бидејќи на крајот ќе изгледате како кловн.“

Што мажите мислат за бојата на вашиот кармин?

Жестоко розова


„Оваа боја нема класична романтична нота, каква што има светло црвената. Овој кармин е повеќе наменет за оние девојки кои сакаат да делуваат авантуристички и панк-рокерски. Оваа боја значи дека не се плашите од малку „рок енд рол“. Од девојка која носи ваков кармин би очекувал да е специфична и да има добар вкус за музика.“

Што мажите мислат за бојата на вашиот кармин?

Темно виолетова и вино-црвена


„Оваа боја значи дека девојката не се плаши да презема ризици. Темно виолетовата боја ми вели дека девојката е малку остра, но во добра смисла на зборот. Ова не значи дека таа има некоја „темна“ страна, туку дека едноставно е… различна. На оние жени на кои им прилега кармин во темна боја, изгледаат интригантно.“

Што мажите мислат за бојата на вашиот кармин?

Неутрална


Кога носите кармин кој има иста боја како бојата на вашата кожа, личите на леш, како да сте биле премногу долго надвор на студот. Бојата вознемирува. Воедно, неутралните усни личат на глазирана крофна.“

Што мажите мислат за бојата на вашиот кармин?

Светло портокалова


Ме наведува да помислам… „сакаш Фанта?“ Исто така, ми кажува дека има интересен карактер и најверојатно е многу забавна девојка. Таа е сигурна во себе и не се плаши да проба нешто поразлично.

Што мажите мислат за бојата на вашиот кармин?

Металик боја


„Ова е боја за тинејџерки, па доколку сте во тие години, дозволено е да изгледате по малку „евтино“. Во секој случај, светките треба да останат само на стриптизетките. Башка тие паѓаат насекаде.“

Што мажите мислат за бојата на вашиот кармин?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар