Што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?

Што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?

Можеби користите балсам за усни секојдневно, без да знаете каков ефект може да има на вашите усни. Во продолжение погледнете го списокот со работи што се случуваат кога премногу често користите балсам за усни.

1. Вашите усни може да станат уште посуви

Што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?

Според дерматолозите, балсамите за усни содржат состојки што може да ги иритираат или претерано да ги ексфолираат вашите усни. Тие состојки се: фенол, камфор, ментол, мириси, ароми, салицилна киселина и витамин Е. На пример, едно истражување дошло до заклучок дека 33% од пациентите развиле контактен дерматитис од витамин Е.

2. Може да доведе до иритација околу усните

Што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?

Специјалистите потврдуваат дека не треба да нанесувате балсам за усни повеќе од 3 пати на ден. По будењето, по јадењето/пиењето и непосредно пред спиење. Ако премногу го користите балсамот за усни, може да почувствувате иритација или може да се појават мали дамки околу пределот на усните.

3. Вашите усни може да станат мрзливи

Што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?

Некои формули за балсам за усни создаваат вештачка бариера за задржување на влагата, предизвикувајќи вашите усни да работат помалку за да го одржат сопственото ниво на хидратација.

4. Нанесувањето балсам за усни станува зависност

Што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?

Не можете да бидете зависни од балсамот за усни, но можете да станете зависни од смирувачкиот механизам што го добивате од користењето балсам за усни.

Рецепт за балсам за усни на база на ланолин

Што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?

Ако сакате да го пронајдете најдобриот балсам за усни и да заштедите пари, следете го овој рецепт за балсам на база на ланолин што можете да го направите сами.

Потребни состојки:

  • 1 лажица шеа путер
  • 1,5 лажица кокосово масло
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажица пчелин восок
  • 1 лажичка ланолин
  • 5 капки есенцијално масло од лаванда (по избор)

Стопете ги кокосовото масло, пчелиниот восок и ланолинот во сад над тенџере со вода. Полека мешајте додека да се стопат состојките. Откако ќе се стопат, тргнете ги настрана. Додајте ги шеа путерот и медот. Мешајте додека да се стопат. Додајте есенцијално масло од лаванда (ова е по избор) и измешајте. Истурете го балсамот за усни со ланолин во соодветен мал сад и оставете го да се зацврсти.

Погледнете кои се 10-те сјајни начини за употреба на балсамот за усни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар