Што ќе се случи со вашиот организам доколку секојдневно консумирате портокали?

Што ќе се случи со вашиот организам доколку секојдневно консумирате портокали?

Веројатно сте ја слушнале изреката: едно јаболко на ден за да бидете здрави како дрен. Но, исто како јаболката така и портокалите имаат многу здравствени придобивки. Тие се извор на витамин Ц и антиоксидантски хранливи материи. Сепак, што ќе се случи ако ги јадете секој ден?

Што ќе се случи со вашиот организам доколку секојдневно консумирате портокали?

Зајакнување на имунитетот

Редовното консумирање портокали и друго овошје и зеленчук може да ја зајакне имунолошката одбрана на вашето тело. Како и сите цитрусни овошја, портокалите се богат извор на витамин Ц. Тие се исто така добар извор на витамин Б фолати. Витаминот Ц и фолатите помагаат во одржувањето на имунолошката бариера на вашето тело.

Поубава и блескава кожа

Витаминот Ц, кој го има во изобилство во портокалите, игра различни улоги во одржувањето на здрава кожа. Витаминот Ц игра клучна улога во формирањето на колаген, протеинот кој ја формира основната структура на кожата. Здравото производство на колаген е поврзано со намалување на предвременото стареење на кожата. Портокалите исто така содржат флавоноидно соединение кое му помага на телото да одржува соодветно ниво на хијалуронска киселина. Хијалуронската киселина е супстанца која помага во одржување на еластичноста на кожата.

Подобар вид

Студијата од 2018 година во The American Journal of Nutrition открила врска помеѓу внесот на флавоноиди и намалениот ризик од макуларна дегенерација (AMD) поврзана со возраста – една од главните состојби што доведува до губење на видот и слепило кај луѓето над 65 години. Поточно, истражувачите забележале дека секојдневното консумирање портокали може да обезбеди соодветни количини на флавоноиди кои значително го намалуваат ризикот од развој на оваа состојба за дури 60 проценти.

Хидратација

Приближно 50-70 проценти од телото се состои од вода, а хидратацијата е клучна за одржување на здравјето и секојдневната благосостојба. Дури и малата дехидрација може да предизвика несакани појави како што се замор, главоболки и тешкотии со концентрирањето. Не мора да пиете само вода бидејќи и свежите портокали исто така можат да бидат хранлива и вкусна опција кога станува збор за зголемување на внесот на течности.

Откако прочитавте за влијанието на портокалите врз организмот, можеби ќе сакате да прочитате и како од 1 килограм портокали да направите 10 литри сок.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар