Што ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?
Депресија, лош мирис на телото, оштетен вид – ова се само неколку работи што може да му се случат на вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук. Постојат многу состојки во зеленчукот и овошјето што не можат да се најдат во која било друга храна и ако ги исфрлите од исхраната, може да имате разни проблеми со вашето здравје.
Може да имате оштетен ноќен вид
Ако вашиот вид се влошува ноќе, тоа може да резултира со зголемен ризик од паѓање во темница. Освен тоа, видот е клучен за безбедно возење навечер. За да можете да ги гледате предметите во темница, на вашите очи им е потребен витамин А, кој може да се најде во 2 форми: ретинол и бета-каротен. Ретинолот го има во рибиното масло и во јајцата, но тој е многу токсичен ако се внесува во големи количини. Додека јадете зеленчук и овошје, невозможно е да се предозирате со бета-каротен.
Вашето тело може да почне да мириса лошо
Постојат неколку фактори што придонесуваат за мирисот што го испуштате од вашето тело. Исто како бојата на очите и косата, генетиката го одредува и природниот мирис што доаѓа од вашето масло и од потните жлезди. Покрај тоа, храната што ја јадете влијае многу на мирисот на вашето тело. Едно истражување откри дека луѓето кои јадат зеленчук и овошје имаат попријатен мирис на телото, дури и ако некое време не користеле сапун или дезодоранс.
Откажувањето од зеленчукот и овошјето може да предизвика депресија
Научниците тврдат дека цревата и мозокот се многу тесно поврзани. Балансираната исхрана не само што може да влијае на обликот на вашето тело, туку е неопходна и за вашето ментално здравје. Кога одбивате да јадете зеленчук и овошје, се зголемува ризикот од депресија. Се верува дека депресивноста ве тера да јадете нездрава храна, но нездравата исхрана не е резултат на депресија.
Се покачува крвниот притисок
Според едно истражување, луѓето кои јадат помалку овошје и зеленчук, имаат поголем ризик од висок крвен притисок во споредба со оние кои ги јадат како главен дел од својата секојдневна исхрана. Лекарите им препорачуваат на оние кои имаат висок притисок да се држат до исхрана која содржи многу овошје и зеленчук.
Може да развиете дигестивни проблеми
Зеленчукот и овошјето се познати по тоа што се значаен извор влакна што не се раствораат во вода и варењето на храната ќе се одвива полесно. Консумирањето мала количина растителни влакна се смета за една од главните причини зошто луѓето имаат запек. Диететичарите ја започнуваат листата на намирници за луѓе кои имаат слаба столица со препорака да почнат да јадат зеленчук и овошје.
Може да добиете тромби во вените
Грозјето, зелениот лиснат зеленчук и лукот се неопходни за спречување да се формираат опасни тромби. Покрај тоа, витаминот Ц кој се наоѓа во овошјето значително помага да се намали ризикот од задебелување и згрутчување на крвта и затоа е од витално значење за крвта и срцето.
Може да имате нерамномерен тен на кожата и темни кругови
Темните кругови под очите можат да бидат предизвикани од многу фактори, а меѓу нив е и намалениот проток на крв, што може да доведе до боја на кожата како модринки. Витаминот К, кој се наоѓа во брокулата, спанаќот, зелката и зелената салата, му помага на вашето срце слободно да испумпува крв низ телото и спречува појава на модринки на вашето тело. Дефицитот на овој витамин може да доведе до нерамномерен тен, оштетување и синкава боја на кожата.
Ќе почнете да одите на стоматолог почесто
Јадењето јаболко или друго овошје и зеленчук богати со влакна, ги чистат вашите заби на природен начин и го зголемуваат лачењето на плунката. Кога вашата уста е доволно влажна, штетните киселини и бактериите се отстрануваат. Овошјето и зеленчукот содржат витамини А и Ц, како и калциум, а тие ги прават вашите заби посилни и спречуваат паѓање на забите.
Прочитајте како да ја победите главоболката со помош на масажа со крпа.