Што ќе се случи со вашето тело ако дневно пешачите само 800 метри повеќе?

Што ќе се случи со вашето тело ако дневно пешачите само 800 метри повеќе?

Пешачењето е наједноставната физичка активност, но често се потценуваат придобивките од него. Ако секој ден пешачите само 800 метри повеќе, во вашето тело ќе настанат многу промени, добри за вашето здравје.

Што ќе се случи со вашето тело ако дневно пешачите само 800 метри повеќе?

За успешно контролирање на телесната тежина и за одржување на здравјето, потребно е дневно да одите по 10.000 чекори. Можеби овој број изгледа голем, особено ако имате работно место што бара да седите и ако поминувате многу време во автомобил. За среќа, има решение за ова.

Експертите сметаат дека и само 1.000 чекори повеќе во текот на денот се доволни за да почувствувате позитивна промена. 1.000 чекори одговараат на отприлика 800 метри, а ова е број што секој може да го исполни. Најважно е секојдневно да ги пешачите дополнителните 800 метри и резултатите нема да изостанат.

Некои од полесните начини да го направите ова е да го паркирате автомобилот малку подалеку од работното место или да пешачите додека разговарате на телефон наместо да седите. Ова се промените кои можете да ги очекувате.

1. Помал напор на срцето

И најмалата промена од постојаното седење, и наједноставната физичка активност како пешачењето, значително го подобрува здравјето и го намалува ризикот од болести на срцето. Движењето ја регулира циркулацијата на крвта и срцето ќе почне да работи со нормален ритам.

2. Намален ризик од мозочен удар

Зголемената физичка активност директно го намалува ризикот од мозочен удар. Исто така помага и во контролирањето на крвниот притисок што дополнително го намалува ризикот.

3. Побрзо слабеење и намалување на холестеролот

Со пешачењето нема брзо да ослабете, но по некое време ќе ги забележите ефектите. Првите резултати ќе ги забележите по околу 10 дена. Ако имате проблем со висок холестерол, пешачењето 800 метри повеќе е доволно да го промените тоа. Движењето го согорува холестеролот и другите липиди во крвотокот, кој инаку би ги оштетил крвните садови.

4. Намален стрес

Кратката брза прошетка е можеби најдобриот начин да го намалите стресот. Додека пешачите телото лачи ендорфин кој е одговорен за доброто расположение, а истовремено го намалува хормонот за стрес, кортизол.

5. Појаки коски

Која било активност каде што коските се под притисок на тежината од телото ги зајакнува и штити од остеопороза. Причината е што коските дополнително се напрегаат кога ја носат тежината од телото и на тој начин зајакнуваат.

Погледнете и како да симнете 5 килограми за 3 недели само со пешачење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар