Што ќе се случи ако секое утро почнете да станувате 2 часа порано?

Што ќе се случи ако секое утро почнете да станувате 2 часа порано?

Повеќето утра стануваме набрзина од нашите кревети, се миеме и тушираме, се облекуваме и излегуваме. Со тоа сме ја завршиле работата и сме се подготвиле за работниот ден, но краткото време ни предизвикува стрес и многу често се прашуваме како би изгледало доколку станеме неколку часа, а не само неколку минути пред времето за излегување низ врата. Доколку и вие сте во поголемата група која станува и набрзина, речиси механички се подготвува за долгиот ден кој следува, размислете колку многу придобивки би имале доколку наместо во 7, станувате, на пример во 5 наутро? Ви звучи малку прерано? Ви нудиме неколку причини зошто би требало да го сторите тоа, па можеби ќе се предомислите и од утре ќе почне вашиот нов дневен ритам.

(0) Што ќе се случи ако почнете секое утро да станувате 2 часа порано?

1. Повеќе ќе уживате во вечерите

Кога станувате рано, имате повеќе време да си го организирате денот и да ги завршите редовните обврски во текот на денот. Најдобро е пред заминување в кревет, секоја вечер да си направите мала листа на обврски за утрешниот ден, за да можете уште рано наутро да почнете со нивно исполнување. Вечерите ќе ви бидат резервирани за релаксација и добро друштво, без обврска да средувате по дома, да пазарувате или да ги средувате здодевните сметки коишто треба да ги платите.

(1) Што ќе се случи ако почнете секое утро да станувате 2 часа порано?

2. Ќе си легнувате порано

Луѓето кои се ранобудни не значи дека спијат помалку часови од останатите, туку поголемиот дел од нив заминуваат в кревет порано. Можеби ќе ви требаат неколку дена да се навикнете на новиот распоред и наместо во 1 часот по полноќ, да си легнувате во 22 часот. Но, по неколку дена нештата ќе си дојдат на свое место, а вие ќе бидете благодарни на идејата да си легнувате и да станувате порано.

3. Можеби ќе бидете попродуктивни

Секој човек во текот на денот има еден час кога е најпродуктивен. Тој период од денот е различен кај секоја личност, но според статистиката, има големи шанси вашиот најпродуктивен час да го преспивате. Направете си едно тестирање и наместете го алармот да заѕвони два часа порано од времето кога вообичаено се будите. Дајте си неколку дена да видите дали во тие два часа ќе забележите одреден скок на вашата продуктивност, енергија и креативност. Не значи дека вашиот „златен час“ е токму рано наутро, но нема ништо да изгубите доколку не направите мала проверка. Ако откриете дека навистина сте продуктивни рано наутро, тогаш не двоумете се воопшто и продолжете со тој дневен ритам.

(2) Што ќе се случи ако почнете секое утро да станувате 2 часа порано?

4. Помалку ќе доцните

Станувањето рано, што би значело неколку часа пред да ги започнете секојдневните активности, ви овозможува да го започнете денот порелаксирано и без непотребните стресови, кои вообичаено се јавуваат кога стануваме во „5 до 12“. Имате време убаво да се расоните, да ги проверите вашите задачи, да завршите некоја од нив, да ги разбудите и подготвите децата за на училиште. Тие два часа, ќе ви овозможат секогаш да бидете точни и навремено да стигнувате на училиште, на работа, на состаноци…

5. Имате можност да се храните поздраво

Кога сте притиснати од недостигот на време, кога станува збор за појадокот, вообичаено го земате првото нешто што ќе ви дојде при рака или воопшто не појадувате. Добивајќи повеќе време наутро, имате можност да си подготвите здрав оброк, кој ќе го изедете во мир и тишина, без никакво брзање и стрес. Без оглед дали станува збор за пржени јајца, сендвич, џем и млеко или пак чинија полна со житарици, појадокот е многу важно да се јаде на маса, полека и без многу бука наоколу.

(3) Што ќе се случи ако почнете секое утро да станувате 2 часа порано?

6. Имате можност да вежбате

Вежбањето навечер е во ред, но по напорниот работен ден веројатно немате сила да ги направите сите вежби кои сте ги предвиделе. Затоа пак за утринското вежбање сте наспани и физички одморени. Тоа може убаво да ве расони и да ве наполни со енергија којашто ќе ве држи во текот на денот.

7. Ќе бидете пријатно изненадени

Никој не вели дека ќе ви биде лесно да се привикнете на станувањето неколку часа порано. Но, доколку се потрудите, за краток период ќе ви стане навика и ќе се чувствувате неверојатно добро од вашето постигнување. Раните утрински часови се најмирни и најтивки, а вие во тој период ќе се релаксирате и ќе се подготвите за „брзиот“ ден пред вас. Станувањето рано е начин да излезете од дома полни со самодоверба, без чувство дека со доцнењето сте го нарушиле распоредот на денот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар