Што ќе се случи ако јадете мед и сусам секој ден?

Што ќе се случи ако јадете мед и сусам секој ден?

Мешавината на овие две состојки резултира со нешто многу корисно за здравјето на луѓето. Придобивките од медот им се добро познати на сите, а сусамот е растение кое се користи во исхраната многу долго време. Кога се користат заедно, вашето тело има големи придобивки, така што болестите се смируваат или се лекуваат ефикасно.Оваа мешавина е толку здрава што секој нов ден треба да ви започне со лажица мед и сусам.

Што ќе се случи ако јадете мед и сусам секој ден?

Во античко време, оваа комбинација се користела за да им помогне на жените да ги подобрат функциите на репродуктивните органи, како и либидото.

Медот и сусамот, комбинирани во единствена мешавина, се одличен извор на: железо, манган, магнезиум, калиум, калциум, омега-3 и омега-6 масни киселини.

Кога станува збор за витамините, сусамот ги содржи оние од групите А, Б и Е.

Со консумирање на овие две состојки заедно, може да се ублажи болката во стомакот и тоа е одличен и најефикасен лек за менструални болки. Поради значителната содржина на железо, сусамот им се препорачува на жените за подобар циклус.

Медот и сусамот имаат ист процент на калциум, што влијае на здравјето на коските. Редовната употреба на оваа мешавина во исхраната може да помогне во зачувување на коските.

Сусамот покажува резултати во одржувањето на нивото на холестерол. Освен во мешавина со мед, сусамот можете да го додадете и во салати или десерти, а може да се јаде и суров.

Медот и сусамот имаат моќ да ја зајакнат коскената срцевина, да ги стимулираат менталните активности, да ја зголемат физичката издржливост и да влијаат на убавината и сјајот на косата и кожата.

Медот и сусамот ги ублажуваат или ги отстрануваат следните здравствени состојби:

  • слаб имунолошки систем
  • екстремна желба за слатки
  • болки во стомакот
  • гастроинтестинални нарушувања, вклучувајќи колитис, гастритис и чиреви
  • слаби коски
  • ниско ниво на физичка сила и издржливост
  • слаба ментална активност или деконцентрација
  • лош квалитет на кожата
  • паѓање на косата
  • вишок килограми

Иако постојат многу начини на кои може да се комбинираат медот и сусамот, доволно е да измешате една лажица сусам и една лажица мед и да ја консумирате оваа мешавина еднаш дневно. наутро пред појадок.

Рецепт за колач од мед и сусам

Измелете околу 300 грама чист сусам во електрична мелница за кафе, така што ќе добиете паста, а потоа измешајте ја со мед. Направете топчиња и ставете ги во фрижидер да замрзнат. Тоа е сè. Овој колач ќе ви послужи кога ќе имате неподнослива желба за слатки. Покрај внесувањето хранливи материи во вашето тело, ќе заборавите на чоколадото и на колачите и ќе го исчистите вашето тело.

Прочитајте кои се лековитите својства на маслото од црн ким.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар