Што ќе се случи ако грижата за другите целосно ја потисне грижата за самите вас?
Дали премногу се грижите за другите? Луѓето се програмирани да се грижат. Желбата да се заштитат саканите е скриена во нашите гени, а природната грижа на блиските има бројни позитивни ефекти – ни носи доверба, блискост, ги усовршуваме вештините на тимска работа, прилагодување… Но, во ситуација кога грижата за другите ви е на прво место, нивната реалност станува ваша реалност и вие почнувате да го живеете нивниот живот наместо вашиот… Во продолжение прочитајте кои 3 последици ги предизвикува ваквото однесување.
1. Намалена способност за емпатија
Во прашање е емоционална исцрпеност која се јавува од исповедта на драгите луѓе. Може да биде предизвикана само од едно случување на блиска личност, но со текот на времето може да се влоши. Науката докажала дека дури и набљудувањето туѓи проблеми може да предизвика голем стрес, кој буквално се вовлекува во мозокот на случајниот посматрач за и тој самиот на крајот да почне да чувствува шок, беспомошност и безизлезност иако тоа случување реално не влијае врз животот.
Ако го игнорирате ова силно влијание врз вашата психа и ништо не преземате за да се заштитите себеси, со текот на времето ќе ви се промени светогледот, нема да можете да ги контролирате емоциите, когнитивните способности ќе ослабат и ќе направат проблеми со спиењето. Со тек на време може да се развие и чувство на напуштеност.
2. Секундарна траума
Кога премногу се грижите за другите, практично станувате „инфицирани“ од нивниот стрес, но уште полошо е кога со човекот доаѓа и неговата болка која несвесно ја преземате. Секундарната траума е психолошка последица предизвикана од мешање во туѓи проблеми и тешко искуство. Секако, се мешате со најдобри намери, а не забележувате дека со изминување на времето ќе почнете да страдате од ноќни кошмари, претерано возбудување, претерана грижа…
3.„Прегорување“
Понекогаш не се грижите само за луѓето, туку и за нештата, како на пример работата. И тоа повеќе од сопственото здравје! Стресот поради претераната грижа доведува до „прегорување“. Во такви моменти тешко ви е да одите на работа, но и генерално во животот не сте задоволни со ништо и чувствувате дека сè што е во ред започнува да избледува.
Сè ова може да се избегне ако на време почнете да се грижите за себе. Мора да бидете подготвени за барем дел од енергијата која ја насочувате кон другите да ја насочите кон себе.
Грижата за себе не е тренд, туку важен процес со кој се штитите самите, и менталното и физичкото здравје бидејќи претераната грижа навистина има свои последици. Обрнете внимание на вашите потреби, дајте си шанса, баш како што го прават тоа другите луѓе.
Напомена: за да ги избегнете овие последици, не треба да престанете да се грижите за другите луѓе – само да не заборавите да се грижите и да се сакате себеси!
Додека се грижите за блиските и нивните емотивни рани, грижата за себе и сопственото ментално здравје е подеднакво важна.
Прочитајте и за овие 9 работи за кои зрелите жени не треба никогаш да се грижат.