Што ќе се случи ако ги јадете овие производи заедно?

Што ќе се случи ако ги јадете овие производи заедно?

Далеку од тоа дека здравите производи никако не можат да бидат и вкусни, а следнава листа ќе ве увери во тоа. Освен тоа, кога ќе ги јадете овие комбинации заедно, „во пар“, ќе добиете максимален вкус и максимално здравје. Па, испробајте ги веднаш!

Јаболка + црна чоколада

2-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_

Оваа комбинација не е нешто што е традиционално, но, зошто да не? Јаболката содржи специјални ензими, а црното чоколадо содржи антиоксиданси кои споени заедно го јакнат имунитетот, ги стимулираат мозочните активности, го штитат срцето и крвните садови и го намалуваат ризикот од рак.

Овесна каша + цеден портокал

3-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_

Оваа комбинација е одличен извор на фенол, кој го подобрува варењето и го поттикнува чистењето на организмот од штетните материи и токсините.

Свинско месо + прокељ

4-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_

Свинското месо е премногу масно за да се јаде секојдневно, но е богато со селен кој е одличен за нашиот имунитет. А кога се јаде заедно со прокељ, ефикасноста на селенот се зголемува дури за 13 пати.

Патлиџан + џигер

5-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_

Недостатокот на железо во организмот води до изнемоштеност, замор, забавен метаболизам и проблеми со срцето и крвните садови. Железото од џигерот не може да се апсорбира толку добро без витаминот Ц, а тука настапува доматот.

Магдонос + лимон

6-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_

Магдоносот е полн со железо, а лимонот со витамин Ц. Веќе научивме дека апсорпцијата на железото е поефикасна со витамин Ц. Затоа вашиот имунолошки систем ќе биде појак, но и метаболизмот побрз.

Зеленчук + јогурт

7-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_

Природниот јогурт е полн со калциум кој ги подобрува стомачните функции. Во комбинација со морков или целер, кои се богати со влакна, вашиот организам ќе добие „екстра“ калциум.

Зелен чај + лимон

8-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_

Витаминот Ц го зголемува дејството на зелениот чај – долговечност и силен имунолошки систем.

Домат + маслиново масло

9-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_

„Ова е вкусна комбинација која ќе ги спречи кардиоваскуларните проблеми“, велат Италијанците. Ликопенот од доматот ја подобрува работата на срцето и крвните садови, а го спречува и развојот на малигни тумори. Во комбинација со маслото, тој се апсорбира уште полесно.

Месо + рузмарин

10-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_

Динстуваното или вареното месо е полно со протеини. Ако пак се пржи или пече, можен е развој на канцерогени соединенија. Но, антиоксидансите од рузмаринот ќе го спречат тоа, поточно задолжително ставете го овој зачин заедно со месото кога ќе го приготвувате на овој „спорен“ начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар